|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Исповед на една жена, која со години се обидува да стане мајка...

image
/11


 

Докторот рече дека нема потреба да правиме дополнителни испитувања, дека доста време изгубивме, да комплетираме документи за инвитро. Јас предлагав имунолошки, генетски и слично, тој се насмевна и пак потврди дека нема потреба. Дека повеќето проблеми со инвитрото се решаваат. Јас сум некако упорна па прашувам што би можело да биде, барам начин да се најде и реши проблемот пред да го оптеретам моето тело на јаки хормонски терапии. Докторот вели дека постојам милион предпоставки, но  се е можеби и тешко може да се докаже, но пак не убедува да не губиме време и пари, гледа големи можности во успешно Ин витро.  Мене па тоа Инвитро ме плаши, ветив дека ќе ја соберам целата документација и дека во најскор можен рок ќе се појавам кај докторот. Пред да започнам да се спремам за Инвитро, ни се случиа неколку неубави работи, па средувајќи ги нив заборавив на документите за инвитро. Кога се се среди решив да се вратам таму каде што застанав. Започнав да читам по форуми, успешни и неуспешни приказни, ме вознемируваше помислата дека има многу двојки како нас со идиопатски стерилитет и со неуспешни инвитра. Долго време размислував зошто е тоа така, каква е оваа игра без правила, кој одлучува. Сите споменуваат божја работа, ние нашето го направивме сега на Господ оставаме дали ќе се фатат малите ембриончиња во стомакот. Ваквите изјави ме замислија - можеби јас малку сум го заборавила Господ. Живеам во земја каде што има многу свети места, читам на интернет, слушам од луѓе, а не сум ги посетила да замолам и мојот глас да биди слушнат. Доаѓаше празникот св. Петка. Отидов во црква, оставив детско блузе и масло - така се правело, ме советуваа. На интернет прочитав  за некоја вода која помагала, во Зубовско над Кумановско, бидејќи ми беше блиску решив сама да одам.  И таму бев едно утро, на никого не кажав, се измив и оставив алишта, така требало. Убаво е чуството да се посети такво место, по малку и морничаво кога ќе ги видиш сите тие алишта оставени од луѓе со мака. На момент ме смири, ми врати верба.  Бевме и во Света Пречиста Кичевско, мал рутал од провирање под маса те тера да се чуствуваш дека тоа е спасот, се што нечини си оставил таму под масата.   Потоа ми кажаа за некој камен Битолско.. Се оди ноќта на Ѓурѓовден, луѓе наредени еден зад друг во 11 часот тргаат од селото Ореово и одат со светла во раце еден зад друг до каменот. Таму има човек кој ги спушта со јаже низ една дупка. Многу луѓе, многу надежи... Слушаш разноразни приказни по патот, кој каква мака имал, кој нашол спас за својата. Имаше и такви кој спуштаа само алишта, за роднини или пријатели во странство - и тоа помагало. Секогаш се воодушевувам на луѓето кои ја делат маката со странци, јас па секогаш го кријам погледот и избегнувам контакт за да не ме прашаат а зошто си ти тука, а ако тоа се случи кратко велам само за здравје и продолжувам понатаму.  Па Островски манастир зедовме  лист од лозата, да го чуваме под кревет. Бевме и во Скопска Црна Гора, кај дрвото бремена жена. Таму бевме два пара, ние и едни наши пријатели кои исто така се борат со неплодност. Неколку месеци секој наш  излет беше потикнат во близина на некое место или вода кое има лековити својства. Додека се молев на Бога на сите овие свети места, дозволив и алтернативната медицина да помогне. Детоксификација на телото прв чекор, потоа стимулирање на имунитет со разни чаеви, масла, супер храна, зачини и слично.. Бев на биоенергија, докторот не откри никаква блокада. Потоа 3 месечен третман на рефлексологија  - на странски форум прочитав добро било за стимулација на внатрешни органи. 

 

Се ми беше испланирано со рок. До месец ноември ќе се потрудам на секој можен начин, и ќе се молам, многу ќе се молам. Од декември ќе ја започнам процедурата за инвитро. Но во октомври моите молитви беа слушнати и јас конечно си ги видов моите две црти! Тој месец нити бев нешто посебно опуштена, нити заборавив на мојот проблем, нити бев смирена, но ете се случи.

Мојата борба конечно после 60 месеци заврши со моја победа!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да забремените ако имате полицистични...
Можат ли жените со синдромот полицистични јајници да останат бремени?
4
Повеќе сонце = поголема плодност!
Ви треба причина за да излезете надвор на сонце? Имаме една за Вас! Поминувањето време на сонце може да биде поттикнувач...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Секојдневниот секс е неповолен за забремен...
Дали секојдневниот сексуален однос ја намалува можноста за зачнување?
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?