namesp во 10:11
Опасни инфекции за време на бременост
Редакција Рингераја, 2.7.2022
Причини за непријатни последици можат да бидат многу инфекции, чии носители можат да бидат сите членови на семејството. Овие инфекции би можеле да се одвиваат сосема скриено и да не бидат забележани од идните родители.
Сите вируси и микроорганизми се поделени на безусловни и условни предизвикувачи на инфекции. И ако првите можат да предизвикаат интраутерино инфицирање на фетусот, тогаш негативната улога на вторите не е докажана.
Главните предизвикувачи на инфекции се:
Бактерии - кламидија, листерија, стрептококи, стафилококи;
Вируси - херпес, цитомегаловирус, грип, сипаници;
Габа - од род Кандида;
Паразити.
За инфицирање на бебето е потребно не само присуство на инфекција во мајчиниот организам, но и големо количество микроорганизми, кои обично се среќаваат кај акутна инфекција или кај сериозно проширување на хронични болести во 9-те месеци.
Инфекцијата од мајката на плодот може да се предаде на два основни начина: по крвен пат низ плацентата и преку зараза по полов пат.
Важно!
Не секогаш присуството на микроорганизми во ткивото на фетусот води до некакви нарушувања, макар и да го зголемува ризикот од неповолни промени. Тоа што мајката е болна не мора да значи заразено бебе. Добрата вест е дека релативно кај мал процент од болните бремени, инфекцијата се пренесува и на бебето.
Не заборавајте дека детето може да се роди сосема здраво, од жена која во бременоста имала заразна болест.
Рубеола
Вирусот на рубеола се смета за најопасен, бидејќи речиси секогаш се пренесува на плодот и е причина за сериозни оштетувања. Рубеолата води и до болести како катаракта (перде на окото), глувост, физичка недоразвиеност, воспаление на белите дробови.
Вирусот се пренесува по воздушен-капков пат (кивање, кашлање). Како извор на зараза често се болни деца, затоа и идната мајка треба да избегнува вакви контакти. Последиците од рубеола, за жал, понекогаш можат да бидат крајно непријатни.
Ако мајката ја прележала во детството оваа болест или е вакцинирана, нема потреба да се плаши – нејзиниот имунитет нема да дозволи развој на инфекцијата.
Цитомегаловирус (ЦМВ)
Оваа инфекција е премногу опасна. Таа се пренесува и по воздушен-капков, и по полов пат. Ако жената се зарази во бременоста отсуството на антитела во организмот ќе овозможи слободно преминување на вирусот преку плацентата, што доведува до оштетување на фетусот и несакани последици. Ако жената била заразена пред бременоста и подоцна настапи егзацербација на болеста, тогаш постоечките антитела ќе го ослабат вирусот, а тоа ќе ја намали веројатноста од пенетрација во плацентата и негово влијание врз плодот.
Препораките кон бремените жени се сведуваат на:
- Почитување на добра лична хигиена;
- Избегнување на директен контакт со плунка на мали деца;
- При грижи за вродена ЦМВ инфекција се прават лабораториски тестови за антитела кон ЦМВ.
Херпес
Херпес вирусот се смета за најмалку опасен меѓу вирусните инфекции, бидејќи веројатноста од инфицирање на фетусот во овој случај е мала. За сериозна ситуација може да се смета егзацербација на генитален херпес по 32 г.н. Во овој случај често се прибегнува кон царски рез, за ??да не се зарази бебето преку генеричките патишта.
Грип
Вирусите на грипот можат да доведат до сериозни последици, иако воопшто малку се зборува за тоа. Опасен во случајот е не самиот вирус,туку и компликациите до кои може да дојде (бубрежни компликации, проблеми со кардиоваскуларниот систем, со имунолошкиот систем). Најголема е опасноста од спонтан абортус или предвремено породување. По прележан грип многу полесно можете да се заразите со инфекција на стафилококо или пневмокока.
Најтешки последици од грипот се можни во почетокот на бременоста - до 12 г.с. Како превентива се препорачува зајакнување на имунитетот, добра исхрана, избегнување на стресни ситуации.
Други инфекции
Заразни болести како микоплазмоза, трихомонас, кламидија, листерија, можат да бидат опасни како за мајката така и за плодот. Важно е навреме да се прават потребните истражувања и консултации, за да може во случај на дијагноза да се преземе навремено лекување.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...

Колку долго може една бремена жена да плива во море? Дали водата во базенот е погодна за бремена жена? Што е со термални...

Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со ...

Мајката блогерка Дениз Кортез одлучи да го разбие митот за породувањето како најболно искуство во животот на жената и на...
