vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
На најмалите најзабавни им се удирачките музички инструменти (барабан, дајре, тарамбука, тапан...)
Еве како да направите необична дождовна тропалка.
Потребен материјал
- подолг картонски цилиндар (од хартија за бришење раце)
- два картонски цилиндра (од тоалетна хартија)
- ножички
- четка
- картон
- лепило
- боја
- ориз и леќа
1. Украси го подолгиот картонски цилиндар со шари во боја
2. Помалите картонски цилиндри пресечи ги од едната страна. Потоа исечи јазичиња со различна должина и свиткај ги навнатре.
3. Вовлечи ги двата помали цилиндра во поголемиот картонски цилиндар.
4. Со помош на големиот цилиндар на картонот нацртај два круга кои ќе ти послужат како капаци.
5. На едниот крај од големиот цилиндар залепи го едниот капак. Причекај неколку минути да се исуши лепилото.
6. Во цилиндарот истури ги оризот и леќата. Потоа затвори го вториот капак.
Твојата дождовна тропалка е готова - кога ќе ја превртиш се добива впечаток дека врне дожд.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...