Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Многу родители ја опишуваат првата средба со дететo како љубов на прв поглед, но дури и експертите истакнуваат дека промената во мозокот кога имаме дете е слична на емоциите кога ќе се заљубиме.
Самото тоа го подразбира начинот на кој мајката гледа на своето бебе и емоциите што ги чувствува. Сепак, понекогаш љубовта, грижата и придружните обврски околу бебето може да доведат до помала посветеност кон партнерот.
1. Занемарување на сопругот
Во таа емотивна екстаза и обрнувајќи внимание исклучиво на бебето, се случува да го занемарите партнерот. Работите што ги правите и времето поминато со него повеќе не се исти. Мажите често се чувствуваат запоставени и ставени во втор план. Во целиот овој хаос околу бебето, сосем е разбирливо што немате време да размислите каде грешите, дали не сте во право или да размислите за начини да го решите проблемот.
2. Вие сте окупирани со бебето
Грижата за тоа дали бебето јадело, дали убаво сте ја смениле облеката и како понатаму ќе се развива, се грижи кои ја мачат секоја мајка. Разбирање секогаш треба да постои, мајките понекогаш се толку исцрпени од доење, трчање по децата, домашните обврски и едноставно немаат доволно енергија на крајот од денот за да им се посветат на партнерите. Исцрпени се и уморни.
3. Обвинување на жените
Многу често татковците едноставно ја обвинуваат мајката и некогаш ситуацијата ескалира до неверството па дури и до крај на бракот или партнерството. Честопати мажите во таква ситуација го оправдуваат разводот или изневерувањето со наведување на причините зошто жената ги занемарува и не ги забележува, и тоа многу често под изговор „ова не е жената со која се оженав“. И, таквите работи предизвикуваат уште поголем притисок и емотивно незадоволство кај мајките.
4. Секојдневни обврски
Секако дека се истите жени, само нивните навики се променија. Веќе немаат време да спијат како порано, да одат на шопинг, во теретана, да се дотеруваат, да се шминкаат, да минуваат часови во салони за убавина. Загриженост за тоа дали бебето јадело, дали куќата е чиста, уредна и дали ручекот е готов, се само некои од многуте обврски што ги има една мајка во текот на денот. Начинот на размислување се менува во тој период, па затоа мајките се запоставуваат во тој хаос.
Имајќи ги во предвид сите овие околности, ние нудиме неколку совети за младите мајки да се ослободат и да се обидат да го подобрат своето партнерство:
- посветете си време на себе си, секогаш кога ќе го зграбите слободното време, искористете го со работи што ве опуштаат сами или со партнерот,
- организирајте активности во кои ќе го вклучите вашиот партнер со цел да си олесните себе и да поминувате време заедно,
- обидете се да одвоите време и освежете ги страстите што ги имавте со вашиот партнер пред да добиете бебе.
34
6
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Дали технологијата нe зближува или нe оддалечува?
Дали технологијата навистина нe зближува, или пак полека нe оддалечува...
Големината на плодот во третата недела од бременостa
Моментот кога животот започнува да се развива иако невидливо за очите,...
Список за нарачки, што ви треба во бременоста?
Кога ќе дознаете дека сте бремени, првите работи што ќе ви паднат на у...
Научете нешто за вашиот циклус
Женското тело е неверојатно прецизен и чувствителен механизам. Менстру...
Една од најдлабоките, но и најтешките вештини што може да ја поседува ...