|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ликовна колонија „Де Ниро“ - Збратимување и изложба

Редакција Рингераја, 24.8.2021
Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ и уште една институција со високо реноме, Меѓународно графичко триенале Битола, денеска, потпишаа Повелба за збратимување

image
/11


Потпишувањето на Повелбата се случи во Културен Центар на Меѓународна колонија „Де Ниро“ во с. Цапари. И двете страни гледаат на овој чин, како на нешто значајно за натамошниот раст и развој и на двете институции.

 „Еден од најзначајните организатори на изложби од Њујорк, побара соработка со “Де Ниро“, а веќе идната година во 2022 година ќе се организира изложбата “Уметноста на Азија, Африка и Медитеранот“, а главен акцент ќе биде ставен на Триеналето и колонијата “Де Ниро“. Денес на свечен начин тоа го офизицијализаме и се побратимуваме-рече во своето обраќање денеска, Владо Ѓоревски, уметнички раководител  Меѓународно графичко триенале Битола.

На настанот, организаторот Драги Филевски ги претстави ликовните уметници, учесници на колонијата од Германија, Србија, Саудиска Арабија, Црна Гора, Грција и Македонија.

„Оваа колонија е ништо без уметниците и нормално луќето кои помагаат таа да се случи. Уметниците се како златен прав, нив,не ги гледате, но ни е преубаво кога го гледаме тоа што го испуштаат . Оваа колонија годинава има многу работи, а ќе започнам со мозаикот кој го почнува Мирослав Масин. Минатата година се збратимивме со арт-поинт “Гумно“, а ќе направиме изложба во центарот на Битола на Широк Сокак, насловена како “Азбука“ на Сергеј Андреевски, посветена на Блаже Коневски-рече во своето обраќање денеска, организаторот Драги Филевски.

Во рамките на настанот, свечено беше отворена, меморијалната изложба на ликовни дела, од Миливоје Новаковиќ – Кањош, врвен ликовен уметник, прв уметнички директор и еден од двигателите од самите почетоци на Меѓународната ликовна колонија "Де Ниро". Тој за жал во 2020 та година го напушти овој свет, но продолжува да живее преку  неговите извонредни дела кои се дел од оваа Колонија.Меморијалната изложба на Миливоје Новаковиќ Кањош ја прогласи за отворена Драган Ангелковиќ, член на Советот на Колонијата.

Во текот на овие 17 години на колонијата учествувале околу 200 ликовни уметници од 30 држави од Европа и Светот кои досега создале речиси 500 уметнички дела. Токму оваа година од колонијата, треба да произлезе јубилејното - 500-тото по ред уметничко дело, што му дава еден посебен куриозитет на целата оваа приказна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Рингераја времеплов
По што ќе ја паметиме годината која изминува?
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?