|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Колку може да се здебелите во бременоста?

Редакција Рингераја, 31.7.2020
Порано важеше едно правило: од 9 до 12 килограми. Но тие времиња поминаа. Денес постојат нови правила: ако пред бременоста жената е слаба, таа смее да се здебели повеќе од онаа која на почетокот била полна. Но дозволено е од 7 до 18 килограми
Клучни зборови:

image
/11


Ако во првото тромесечје повеќе слабеете отколку што се поправате, нема место за грижа: вашиот желудник е вознемирен заради вашите чувства и утринските мачнини. Добивањето на тежина се очекува дури од четвртиот месец. Тогаш би требало да добивате околу 300 грама неделно, а во последните недели околу половина килограм. Ако пак некоја жена премалку се здебели, постои опасност бебето да гладува.

Жените кои се подебели честопати стравуваат од следново: прекумерната тежина го зголемува ризикот од зголемен крвен притисок или труднички дијабетес. Но и покрај тоа, бременоста не е време во кое се започнува со диета. Така само можете да му го скратите на бебето тоа што му е потребно. Затоа, послушајте го советот од лекарот кој ќе ви каже како најдобро да постапите.


КАКО СМЕЕ ДА РАСТЕ ИНДЕКСОТ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА?

БМИ на почетокот на бременоста – Препорачан раст на тежина во текот на бременоста

  • Низок (помал од 19,8) – од 12,5  до 18 килограми
  • Среден (19,8 до 26) – 11,5 до 16 килограми
  • Висок (повисок од 26) – 7 до 11,5 килограми

 

ИМАТЕ НЕОДОЛИВИ ЖЕЛБИ? НЕМОЈТЕ ДА СТЕ ПРЕСТРОГИ КОН СЕБЕ!

Дури и често да ви се јаде нездрава храна, нема место за паника. Витамините и минералите кои во таа исхрана недостигаат, можат да се надоместат со средствата кои се додаток на прехраната. Но во текот на бременоста е најважно да сте задоволни и среќни. Оној кој постојано се оптоварува со здрава храна, не прави ништо добро, ниту за себе ниту за бебето.

Совет: ако не можете без чоколада, најдобро е да се почестите со неа. Можете како замена да земете сладолед кој има помалку калории а содржи и калциум па затоа речиси секогаш може го има на вашето трудничко мени.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кашлица за време на бременост
Ако сте бремени и имате постојана кашлица која произведува секрет, многу е веројатно дека имате вирусна инфекција на гор...
4
Се породи турската актерка Бергузар Корел
Бергузар Корел се породи. Според информации од турските медиуми, познатата актерка роди момче тешко 3,5 килограми и долг...
4
Видео: 9 благословени месеци во пет минути
Danny Pier бил толку возбуден кога дознал дека ќе стане татко, што го забележал со својата камера секој ден, почнувајќи ...
4
Видео: За сите мајки кои се породија во ка...
Бев родена во време на карантин. Не се сеќавам на тоа, секако, но мајка ми ми кажа дека било многу тешко време
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?