|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Кои се придобивките од спортот?

Редакција Рингераја, 14.4.2015
Знаете ли дека спортот може да ви помогне да се чувствувате подобро? Правилното вежбање ќе ви обезбеди доволно енергија и дури може да го подобри вашето расположение

image
Спортување
/11


 

Според експертите учениците имаат потреба од 60 или повеќе минути умерена до интензивна физичка активност на ден. Еве некои од причините за тоа:

- Физичките вежби се корисни за сите делови на телото, вклучувајќи го и мозокот. Вежбите го стимулираат организмот да произведува ендорфин - хемиски материи кои му  помагаат на човекот да се чувствува спокоен и среќен. Вежбите им помагаат на некои луѓе да спијат подобро. Тие исто така можат да помогнат на луѓето кои имаат блага форма на депресија или ниска самодоверба. Освен тоа вежбите предизвикуваат чувство на задоволство и гордост по постигнување на одредени цели - на пример, кога човек ќе го подобри постигнувањето на 100 метри спринт.


- Вежбите можат да ви помогнат да изгледате подобро. Луѓето кои вежбаат, горат повеќе калории и изгледаат поубаво од оние кои не вежбаат. Всушност спортувањето е еден од најважните компоненти за одржување на тежината во здрави граници.


- Вежбите им помагаат на луѓето да ја намалат тежината, како и ризикот од некои болести. Со спортувањето и одржувањето на нормална тежина се намалува ризикот од развој на одредени болести, вклучувајќи дијабетес тип 2 и висок крвен притисок. Овие болести, кои во минатото беа карактеристични за возрасните стануваат се почести и кај тинејџерите.


- Вежбите му помагаат на човекот да одржува добро здравје и во постара возраст. Ова може да не ви се чини важно сега, но вашето тело ќе ви се заблагодари подоцна. Со напредување на возраста жените стануваат особено подложни на болест наречена остеопороза. Истражувања утврдиле дека вежби како скокање трчање или брзо одење може да помогне на девојките (и момчињата!) да ги задржат своите коски здрави.

Трите компоненти на добро избалансирана програма на вежби се: аеробни вежби, вежби за сила и вежби за флексибилност.

Како и со сите убави нешта, можно е да се претера со вежбите. Иако физичките активности се одличен начин за одржување на здрава тежина, ако вежбате прекумерно, само за да губите телесната тежина, не е здраво. Телото има потреба од доволно калории, за да функционира правилно. Тоа најмногу важи за тинејџерите, кои се уште растат.

Исто така е можно да се преоптоварите со тренинзи. Ако вежбате даден спорт, експертите препорачуваат да ја ограничите оваа активност до не повеќе од 5 дена во неделата, со најмалку 2-3 месеци одмор во текот на годината. Нема проблеми  да се обучувате во периодот на одмор (како пливање или возење велосипед).

Учеството во повеќе од една активност или спорт може да им помогне на спортистите да развијат различни вештини и да избегнат повреди. Исто така, никогаш не тренирајте кога доживувате болка. И ако имате траума, не заборавајте да си обезбедите доволно време за закрепнување.

Со оглед на користа за срцето, мускулите, зглобовите и умот, лесно е да се разбере зошто има корист од физичката активност. Најдоброто нешто е тоа што никогаш не е доцна да почнете. Дури и малите нешта можат да се сметаат за физичка активност, кога сте на почетокот - како кратко патување со велосипед, прошетка со кучето или чистење на есенските лисја.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Каде исчезнува масното ткиво?
Дали мастите „согоруваат? Дали се претвораат во енергија? Или можеби испаруваат како мит што често го слушаме?
3
Доколку се подготвувате првпат за маратон
Се подготвувате оваа година за првпат да трчате маратон?
3
СО „ПИКАДО“ ДО ЗДРАВИ ЗАБИ
Со играта „Пикадо“ продолжува кампањата „Патот до здрави заби“. Играта ќе се одржи во Паркот на Авиончето во населба Аер...
3
Гооолема детска претстава во сабота од 12ч
Со почеток од 12 часот,оваа сабота во Градски парк (кај “Школка“) во Скопје,ќе се изведе детската претстава на отворено ...
3




Анкета

Доење.
пеперутка16

Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?