|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога вие двајца мислите да имате бебе?!

Редакција Рингераја, 3.7.2013
Прашањата како “Кога вие двајца мислите да имате бебе?” или “Како напредуваат обидите да добиете бебе”, можат да бидат тешки за одговарање. И како што тие си дале право да Ви поставуваат такви прашања, така и Вие имате право да одговорите како сакате

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Пријателите, семејството и колегите често поставуваат прашања , со најдобри намери. Но, за многу парови, посебно за оние кои избрале да не зборуваат отворено за фактот дека се во процес на лечење неплодност, или за неуспешните обиди за вонтелесно оплодување, овие прашања можат да бидат многу вознемирувачки

Прашањата како “Кога вие двајца мислите да имате бебе?” или “Како напредуваат обидите да добиете бебе”, можат да бидат тешки за одговарање.

И како што тие си дале право да Ви поставуваат такви прашања, така и Вие имате полно право да одговорите како сакате.

Размислете за можноста на блиските однапред  да им кажете дека Ви е тешко да разговарате на таа тема и да се воздржат од поставување прашања. Доколку не можете да им предочите вакво барање, тогаш би можеле да подготвите неколку одговори однапред. Некои примери се:

-        Да, се надеваме дека во некој момент ќе имаме бебе.

-        Се надеваме на бебе, но тоа се уште не ни се случило, така што подобро да не разговараме за тоа во овој момент.

-        Се обидуваме со вонтелесно оплодување и ќе ве известиме ако има некакви новости.

-        За жал, тоа не ни се случило.

 

Запомнете дека имате право отворено да кажете што чувствувате

Најблиските многу често се грижат за вас и за она низ што поминувате, но може да им биде тешко да пронајдат зборови или дела кои ќе Ви ја олеснат болката.

Исто така, може да им биде тешко да видат дека чувствувате болка и несвесно да зборуваат работи кои можат да Ве повредат. Искуството низ кое поминуваат  паровите кои имаат проблеми со зачнувањето, може да биде како емотивен roller coaster. Може да почувствувате олеснување кога ќе ги изразите своите потреби и желби, а истовремено на тој начин, може да им покажете на другите околу себе за што Ви е непријатно да разговарате.

И додека на некои парови им е лесно отворено да разговараат со другите, на други парови им е тешко било што да кажат за својот проблем. Ако ова Ви се случува и Вам, бидете смирени.

Постојат многу начини на кои може да споделите што Ви се случува и што чувствувате. На некои им е полесно своите мисли и чувства да ги изразат преку запишување во дневник, или на напишат писмо на некоја сакана личност за тоа како се чувствуваат и на кој начин бараат поддршка и разбирање. Во овие моменти важно е да застанеме на момент и да се запрашаме: “Со кого сакам да го споделам ова што ми се случува и како сакам некој да ми помогне?”

 

Тука можете да ги споделите речениците кои ги користите за одговор на вакви и слични незгодни прашања, или да го напишете својот дневник, или својата приказна и на тој начин да си олесните на душата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Телесна топлина како сигнал за плодни денови
Кога жената сака подобро да го разбере својот циклус, или активно ја планира својата бременост, следењето на базалната т...
6
Најчестите причини поради кои бременоста д...
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да создаде стрес и неизвесност.
4
10 најдобри совети за зачнување
Ако сте одлучиле дека сакате да имате бебе, прочитајте ги нашите најдобри 10 совети кои ќе ви помогнат вас и на вашиот п...
3
Што да избегнувате кога се обидувате да за...
Мали навики што можат тивко да ги намалат шансите.
3




Анкета

mamicka1
majka na tri deca

Pomognete da izberam imence

Lina (20%)

Lara (21%)

Srna (11%)

Kaja (18%)

Jana (30%)


Број на сите гласови: 477

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!