Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Прекумерниот внес на шеќер се поврзува со прекумерна тежина, срцеви заболувања, дијабетес, рак, Алцхајмерова болест и др. Ако сакате да го намалите внесот на рафиниран шеќер, без тоа да се претвори во мачна казна, обидете се да го направите тоа постепено и да најдете повеќе здрави замени на некои од храната и пијалоците на кои сте навикнати.
Со што да ги замениме пијалаците кои содржат висока количина на шеќер?
Добро е наместо газирани пијалаци и овошни сокови да пиете вода во која ќе додадете лимон. Можете исто така да се обидете постепено да го намалувате шеќерот во кафето и чајот.
Десерт
Ако сте љубители на десерти, се препорачува да земате шеќер само преку нив, без да јадете други слатки задоволства во текот на денот. Во следните неколку недели можете да пробате да го намалите бројот на десерти. Потоа е можно да си определите денови во кои ќе јадете нешто слатко – да кажеме викенд или кога имате посебен повод.
Алтернатива на млечното чоколадо
Ако вашата најголема слабост е чоколадото, зошто не пробате да го замените со црна чоколада? Од една страна, тоа е корисно, а од друга страна, ќе изедете помало количество од него.
Навиката да држиме слатки искушенија дома
Ако имате дома бонбони или кутија сладолед, дефинитивно ќе Ви биде тешко да ја потиснете желбата за слатко. Решението е да не држите слатки искушенија дома.
Овошје
Можете да јадете цели плодови – тие се одлична замена на сушеното овошје и овошни сокови кои содржат големи количества шеќер, а исто така и на десертот. Со свежите плодови ќе си набавите вредни хранливи материи.
Алтернатива на овошен јогурт
Наместо да јадете овошен јогурт, во кој има додаден шеќер, можете да ставите свежо овошје во обичниот јогурт. Можно е да додадете и малку мед, ако имате потреба од дополнителен засладувач.
Скриен шеќер
Шеќерот во храната има најразлични имиња, па затоа може да биде тешко да се дознае што се крие зад етикетата на производот. Добро би било да избегнувате да купувате конзерви, подготвени сосови. Добро е храната да се приготвува дома – така сигурно ќе се заштитите од многу скриен шеќер.
Мали промени во рецептите за Вашите омилени колачи
Можете да го намалите количеството шеќер, наведено во рецептот за саканиот колач. Веројатно ќе треба да експериментирате, како замена за шеќерот користете овошје, така ќе постигнете совршен вкус, но во малку поздрава варијанта.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да останете блиски и после години заедно?
Со текот на времето, многу парови забележуваат дека романтиката и блис...
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илузијата
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 4...
Перинаталната депресија е состојба која многу често се појавува кај же...
Крварењето од нос, познато и како епистаксис е честа состојба кај деца...
Вежби за дишење во бременост и на породување
Дишењето е нешто што сите го правиме автоматски, без да размислуваме. ...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?