Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Ник:
Датум на породување: 30.05.2011 година
Тип на породување: природно
Болница: Градска болница Кичево
Многу убава страница, редовно ја посетувам. Ова е мојата породилна приказна.
Уште на почетокот на бременоста знаев дека ќе бидам породена со царски рез. Не смеев да ги чекам болките, бидејќи беше ризично. Оперирана сум на левиот колк, каде имам 10 шрафови.
Терминот ми беше на 12 јуни, а се породив на 30 мај. Еден ден пред тоа бев на роденден. Изедов едно парче од тортата и по неколку минути почнаа болките во стомакот кои траеја скоро 5 часа. Се уплашив и во приквечерјето заминав во болница. Ми направија ЦТГ и ми кажаа дека бебето се вознемирило од тортата. Следниот ден имавме закажано за царски рез. Ноќта некако помина. Утрото ме разбуди маж ми и станав малку радосна, а малку ми беше страв. Заминавме на болница каде се најдовме со докторот, кој за десет минути почна да ме подготвува за царски рез. Само што легнав за две секунди почна да делува анестезијата. Кога го вадеа бебето од мене чувствував, ме болеше и сакав да викнам, но не можев. Потоа почнаа да ме освестуваат. Во 13 часот влегов во сала, а во 13:30 се роди моето сонце Јасин тежок 3500 гр. со 49 cm. должина. Животот ми се смени за секунда откако го видов моето детенце.
Рингераја му посакува среќно детство на Јасин !
Топ 10 породилни приказни
Melanija *: Мојата породилна приказна
nadica: Мојата породилна приказна
Тања: Мојата породилна приказна
Anushka: Мојата породилна приказна
cecka: Мојата породилна приказна
ananikol: Мојата породилна приказна
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
kikicka: Мојата породилна приказна
мичо: Мојата породилна приказна
Palce: Мојата породилна приказна
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
10
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Апликации и алатки за следење овулација
За многу жени и парови кои планираат бременост, следењето на овулација...
Првите симптоми на бременост, што е нормално, а што не?
Првите знаци на бременост се резултат на нагли хормонални промени во т...
Планирање бременост по 35-тата година
Планирањето бременост по 35-тата година сe почесто станува реалност за...
Игри за јакнење на мускулите на дланката кај деца
Во дигиталната ера, децата сe почесто ги користат таблетите и телефони...
Матичните клетки се една од највозбудливите области во современата мед...