Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Не станува збор за обично пешачење, туку за свесно контролирано движење, каде секој чекор е поврзан со дишење, држење на телото и внатрешна стабилност.
Оваа техника, која потекнува од источните традиции на движење, станува сè попопуларна поради бројните физички и ментални бенефити. Но што точно е јапонско одење и зошто треба да му дадеме шанса?
Што претставува јапонското одење?
Јапонското одење (познато и како „Каиходо“) е форма на свесно, технички прецизно одење каде телото е во состојба на контролиран баланс, додека умот е фокусиран и мирен. Оваа метода се базира на:
Зошто е поразлично од обичното пешачење?
Иако на прв поглед изгледа како обично одење, сепак не е. Суштината на јапонското одење е внатрешниот фокус и прецизноста на секој чекор, а не само одење и остварување на замислените чекори и километри. Наместо автоматско движење, ова е активна форма на умствена вежба, што го ангажира целото тело особено средишниот дел (core), нозете и грбот.
Бенефити од јапонското одење
1. Подобрување на држењето и координацијата на телото
Редовното практикување ја зајакнува свесноста за телото, исправеноста и движењето. Тоа води до намалување на болки во грбот, подобра рамнотежа и полесно движење во секојдневието.
2. Јакнење на мускулите без стрес
Бидејќи чекорите се свесни, контролирени и стабилни, телото се активира рамномерно. Особено се зајакнуваат стомачните, карличните и мускулите на нозете, без агресивни движења или потреба од напорна опрема.
3. Смирување на умот и намалување на стрес
Дишењето кај јапонското движење е клучна компонента. Со секој чекор се дише ритмично, што помага во регулација на нервниот систем и внесува чувство на присутност и мир, слично на медитацијата во движење.
4. Согорување калории и подобрување на циркулацијата
Иако изгледа нежно, ненапорно, оваа практика е физички активна. Со 30-40 минути дневно јапонско одење се активира метаболизмот и се подобрува циркулацијата, без ризик од повреди.
Како да започнете?
Јапонското одење не бара скапа опрема, фитнес сала или дури посебни услови. Бара само внимание, доследност и мотивација. Во време кога светот трча, ова е практика што нè учи да застанеме, да дишеме и да го почувствуваме секој чекор, и со тело и со душа.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Фази на менструалниот циклус објаснети едноставно
Менструалниот циклус е природен процес низ кој поминува женското тело ...
Кога започнува утринската мачнина во бременост?
Утринската мачнина е еден од најчестите рани симптоми на бременост. И ...
Како да се справите со детскиот бес?
Детскиот бес е нормален дел од растењето. Иако за родителите може да б...
Дали летото влијае на плодноста?
Летото кај многу луѓе носи повеќе енергија, подобро расположение и пом...
Најважни здравствени навики пред планирање бременост
Планирањето бременост започнува со грижата за телото и менталното здра...