vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Италија е една од ретките земји кои знаат да пленат и да го освојат срцето на секој кој ќе ја посети, кој ќе ја запознае или едноставно ќе го изговори нејзиното име. ITALIA! Бидејќи во нејзиното име вешто се сокриени нејзините лица: историја, јазик, култура, уметност...
I - Impero = Империјата која оставила длабоки траги во италијанската историја, култура, уметност со центар - градот Рим. Тие траги и ден денес му се спротивставуваат на заборавот, издигнувајќи се во самиот центар на Рим а оттаму, во самиот центар на Италија: Форумите - политичко - религиозни центри, Колосеумот - амфитеатар, Портите - Арки кои сведочат за императорските триумфи .
T - Tortellini, Tagliatelle, Tiramisu? = Италијанската кујна е една од најпознатите кујни во светот особено нејзините тестенини, сирења, слатки, вина и секако пицата за која Италијанците гордо тврдат дека е нивен изум кој му го подариле на светот. Ние може само да им се заблагодариме за тортелините, моцарелата, пицата, сладоледот...
A - Arte = уметноста на Апенинскиот Полуостров на кој се простира Италија датира уште од праисторијата. За време на Римската Империја Италија била центар на уметноста во тој дел од Медитеранскиот базен. Но најверојатно е дека италијанската уметност станала највлијателна во периодот на ренесансата (14 век) благодарение на ремек делата на Леонардо Да Винчи, Микеланџело Буонароти на кои и ден денес им се восхитуваме во Фиренца, Рим, Ватикан ...
L - Lingua = јазикот е еден од главните обележја на италијанската цивилизација. Наследник на совршениот латински јазик од некогашната Римска Империја, италијанскиот јазик се издвоил по својата едноставност и милозвучност поради што станал моќно средство за создавање на книжевни ремек дела како оние на Данте Алигиери, Франческо Петрарка, Џовани Бокачо итн.
I - Italiani = Италијанците се срдечни, весели, зборлeсти....убави! За ваквиот впечаток во светот и низ времето, се погрижија комедијантите, актерите кои го освојуваат светот: Роберто Бењини, Софија Лорен, Федерико Фелини, Ана Мањани, Марчело Мастројани…
A - Amore= љубовта е најискреното чувство кое го придвижува животот насекаде низ Италија: во гондола, возејќи се низ тесните канали на елегантната Венеција; на терасата на Јулија во скромната Верона; во барка, возејќи се под вулканот Везув долж неаполската ривиера; на опера во една од ложите на миланската Скала; под куполата на Брунелески во Фиренца или пред раскошната Фонтана ди Треви во Рим.
» ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ « Зборуваме на различен јазик, но сите играме, пееме и се радуваме на детството
10-14 часот, 25 септември 2011, Градски парк Скопје
Програма на бина:
* воведен говор на водителот Влатко Илиевски на настанот.
Останати активности, надвор од бината: - активностите на штандовите на земји членки на Совет на Европа - Креативно катче - во овој дел децата ќе можат да се натпреваруваат, да цртаат, бојат, разгледуваат фотографии, играат memory game. Ќе се овозможи и цртање на различни знамиња на лицата на децата. |
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...