vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Но, многумина не знаат дали болката што ја чувствуваат е само истегнување или нешто посериозно како кинење на мускул. Разликувањето на овие две повреди е важно за да знаете како да постапите и колку време е потребно за опоравување.
Што е истегнување на мускул?
Истегнување настанува кога мускулот или тетивата се развлекуваат повеќе од нормално, но без целосно оштетување на влакната. Често се јавува по нагло движење, прекумерно оптоварување или недоволно загревање.
Симптоми на истегнување се: блага до умерена болка, чувство на затегнатост, лесно ограничено движење, мал или без оток, болката се намалува за неколку дена.
Што е кинење на мускул?
Кинењето значи оштетување на мускулните влакна од делумно до целосно распаѓање. Тоа е сериозна повреда која бара повеќе време и често медицинска интервенција.
Симптоми на кинење се: остра, нагла болка во моментот на повреда, видно намалена сила на мускулот, забележливо отекување или модринки, понекогаш се слуша „пук“ звук при кинењето, тешкотии или неможност за движење на погодениот дел.
Како да реагирате?
Ако болката е силна, има големо отекување или не можете да ја движите повредената област, не ризикувајте побарајте стручна помош веднаш.
5
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...