vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Вашето вклучување во процесот на учење на Вашето дете може позитивно да делува не само на неговиот став, туку и на брзината со која тоа учи. Помошта што децата ја добиваат од родителите во домот, позитивно влијае на нивните достигнувања во училишните клупи.
Jim Knight, Министер за образование во Обединетото Кралство вели: "Родителите имаат за шест пати поголемо влијание врз процесот на учење кај децата, отколку наставниците". Постојат едноставни начини на кои можете да го охтрабрите своето дете и да му помогнете да стекне самодоверба да го користи англискиот јазик.
На веб страницата Learn English Kids се наоѓаат огромен број активности направени од експерти од Британскиот совет кои им помагаат на родителите, преку забава да го изучуваат англискиот јазик заедно со своето дете.
Игри, игри, игри...Има ли нешто позабавно за децата од играње игри? Поминете прекрасни моменти заедно со Вашето дете, забавувајќи се со разните ИГРИ на Learn English Kids, кои овозможуваат лесно и интересно вежбање на англискиот јазик.
Играјте и учете заедно со Вашето дете и запомнете која од игрите Ви оставила најголем впечаток Вас и на Вашето дете, следуваат ИЗНЕНАДУВАЊА!
Рингераја предлози за игри во кои Вашето дете ќе се забавува и ќе учи англиски јазик:
Најадете ги мечињата и пронајдете ги зборовите. Клик на сликата.
Исчистете ја собата. Клик на сликата.
Дино е куче што сака да трча, но има опасности на патот. Поминете ги и одговорете на прашањата за Дино да истрча повеќе колометри. Клик на сликата.
Каков голман сте? Клик на сликата.
Овие и уште многу, многу други игри кои ќе ги најдете ТУКА ќе Ви овозможат да му помогнете на Вашето дете да го вежба и учи англискиот јазик, истовремено забавувајќи се. Играјте и учете заедно со Вашето дете и запомнете која од игрите Ви оставила најголем впечаток Вас и на Вашето дете. Следуваат ИЗНЕНАДУВАЊА! Заедничкото учење е забавно! |
3
забава Бремените
Автор: bobik
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...