|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Кашичка од тиквичка и морков со пченкарен гриз и пилешко месо

Количина за едно дете, за еден оброк

- 50 гр. тиквичка

- 30 гр. морков

- 2 лажици пченкарен гриз

- 50 гр. пилешко месо

- путер или маслиново масло

Пилешкото месо сварете го. Морковот исчистете го и изрендајте го. Тиквичката измијте ја, излупете ја , исчистете ја од семките и исечете ја на коцки. Кога пилешкото месо ќе биде до пола сварено додадете го морковот и тиквичката. Пред крај истурете го вишокот вода,  додадете маснотија и додадете го гризот. Гответе уште десет минути. На крај иситнете го пилешкото месо, или се' комплетно изблендирајте.

 

Кашичка од блитва со компир и мисиркино месо

Количина за едно дете, за еден оброк

 - 100 гр. блитва

- 40 гр. компири

- 50 гр. мисиркино месо

- 1 лажица оризови снегулки

- 1 лажица маслиново масло/путер

Блитвата исчистете ја и измијте ја. сварете го мисиркиното месо/ Компирот излупете го, измијте го, исечете го на коцки и сварете го. Кога ќе биде до пола сварен ставете ја блитвата. Исцедете го, испасирајте го, додајте на маснотија, оризови снегулки и сечено пилешко месо.

 

Кашичка  од келераба, брокула и морков со пилешко месо

Количина за едно дете, за еден оброк

- 50 гр. келераба

- 30 гр. брокула

- 30 гр. морков

- 50 гр. бело пилешко месо

- 1 лажица оризови снегулки

- 1 лажица маслиново масло/путер

 

Ставете го пилешкото месо да се вари. Келерабата излупере ја, измијте ја и исечкајте ја на коцки. Ставете ја во истиот сад кога месото ќе биде до пола варено. Брокулата измијте ја и разделете ја на ситни цветчиња. Мокровот исчистете го, измијте го и изрендајте го па ставете го заедно со брокулата да се вари. Кога се' ќе биде варено, додадете оризови снегулки за да се згусне. Смесата изблендирајте ја доколку детето не може да ги јаде парчињата месо.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
4
Чувство на вина кај новите родители
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент на длабока радост и бескрајна љубов.
3
Кога никнуваат првите заби кај бебињата?
Никнувањето на првите заби е важна развојна фаза кај бебињата и често е период кој носи и радост и малку непријатност. И...
3




Анкета

трето дете ?
donedel

Би се одлучиле ли за трето дете ако веќе имате 2 машки ?

да (44%)

не (29%)

не знам (19%)

ми треба уште време да размислам... (8%)


Број на сите гласови: 108

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!