vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Преку 7.000 играчки - прегратки беа изработени од вредните рачиња на децата од градинките низ цела Македонија. Тие, со помош на своите родители и воспитувачки во градинките, ја исполнија мисијата на хуманитарната акција Прегратка на дар 2012 и ги израдуваа болните дечиња, кои за жал Новогодишните и Божиќните празници ги дочекаа во болница.
Сега е ред да ги прикажеме нивните изработки и да ги наградиме!
Во ГАЛЕРИЈАТА се прикажани играчките - прегратки за кои може да ГЛАСАТЕ од 01 Февруари до 15 Февруари и тоа еднаш 1X ДНЕВНО за секоја од фотографиите. ГЛАСАЈТЕ секој ден и НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ да ги повикате и пријателите да гласаат.
По завршување на гласањето ќе се прогласат добитниците – 3 групи/одделенија/градинки со најголем број на гласови ќе освојат пакет подароци од нашиот генерален покровител БиМилк и поддржувачите на проектот.
Исто така нашата жири комисија ќе одбере 2 групи/градинки/одделенија кои ќе освојат пакет подароци од нашиот генерален покровител БиМилк.
Наградата се доделува на една градинка - ако една градинка има пријавено повеќе групи/фотографии и ако две фотографии имаат најмногу гласови, сепак првото/второто/третото место оди по основ градинка и гласовите од различни фотографии за иста градинка не се собираат.
Ги очекуваме Вашите гласови!
СРЕЌНО!
4
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...