namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Рингераја: Кој се "крие" позади профилот?
Бети: Позади профилот e Елизабета Пешовска, непрофесионален готвач, мајка и сопруга со огромна пасија за готвењето.
Израснав во семејство каде собирањето околу ручекот на сите ни беше нешто кое не го изоставуваме ниеден ден. Моментот кога сите сме заедно и уживаме во највкусните оброци подготвени од мојата мајка или баба. Па така, јас решив да ја продолжам таа традиција и да се обидам најпрво да ги подготвам нивните рецепти, а потоа да испробувам и од различни кујни низ светот.
Рингераја: Во опис е наведено дека си фармацевт со пасија за готвење. Работиш во струката?
Претпоставувам готвењето ти е страст и издувен вентил?
Бети: Да, по струка сум фармацевт и работам во успешна фармацевтска компанија. Си ја сакам многу својата работа и струка, но го обожавам и готвењето. Тоа повеќе ми е како исполнување на мојата креативност, а кујната катче каде се создаваат оброци со многу љубов и внимание.
Рингераја: Профилот е прилично нов, а доста популарен и со голем број следбеници. Како дојде до идејата за еден ваков профил?
Бети: Јас на мојот приватен профил одамна објавував слики со храна која ја подготвував за моите најблиски. Истите тие се „виновниците“ поради кои е направен овој профил. Успеаjа да ме убедат дека мојата пасија и креативност треба да gi пренесам на сите оние кои сакаат да направат брзи, а вкусни оброци. Бројот на следбеници и мене искрено ме изненади на почетокот како брзо почна да расте, а тоа се повеќе ме охрабрува и ми дава доказ дека се движам во добар правец.
Рингераја: Од каде инспирацијата ? Каков е процесот од идеја до реализација на еден рецепт? Што ти е појдовна точка - крајниот оброк кој го имаш замислено, па соодветно за него набавуваш намирници или си даваш предизвик да создадеш нешто од намирници кои веќе ги имаш?
Бети: Инспирација се најпрво моите следбеници. Ги следам нивните реакции на постовите и добивам поттик за секоја следна рецепта.
Инаку за подготовката нема правило. Понекогаш баш си задавам предизвик да подготвам нешто од намирниците кои ми се наоѓаат по дома и обично тоа се рецепти кои се најчесто испробани од следбениците. Но, знам и често да забележам нешто кое е неизбежно да го подготвам, ќе го модифицирам понекогаш рецептот и крајниот резултат е секогаш одличен.
Рингераја: Колку време ти одзема креирање на еден пост?
Бети: Секој пост и секоја рецепта одзема различен период на обработка. Вообичаено, како што напоменав, гледам тоа да се лесни рецепти кои ќе може секој да ги подготви. Но понекогаш и самата креација на рецептот, времето за негова реализација, текстот, сликите, знаат да одземат и еден ден, а некогаш и само еден час :D
Рингераја: Веќе една година живееме во пандемија која на сите ни ги измени животите. Како на вашето семејство се одрази истата?
Бети: Поради пандемијата и ограниченото движење, останува повеќе време за измислување на игри кои може да се играат дома, повеќе време за читање книги, и секако, за поминување во кујна хаха.
Едноставно можеби пандемијата не оддалечи од блиските, но направи за кратко време да ни стане јасно колку за некои работи сме мислеле дека се без некакво посебно значење, а биле навистина за чување. Почнувајќи од здравјето, пријателите, прошетките во природа и дружењето.
Рингераја: Кажи ни ја твојата приказна за бременост и породување, доење.. Како и колку те промени мајчинството?
Бети:Јас имав екстра лесна бременост хаха. Клоцањето во мешето и „укорувањето“ од најблиските за некои потези ме потсетуваа дека треба да внимавам, а јас се чувствував прекрасно и работев буквално се во тој период. Како и бременоста така и самото породување. Моето синче само што не се роди по пат накај болница хаха. Со доењето немав проблем, освен што бевме лакоми па имавме плачки. Мајчинството ги промени приоритетите, одговорностите и посериозниот поглед кон животот. Се знае кој е приоритет откако ќе го слушнете нивниот прв плач.
А пак поготово сега, кога ќе ве испраќа секое утро на работа и ќе ви посака да имате убав ден.
Следете ја @my_little_kitchen_stories на Инстаграм
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...