|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Пепа Димитрова...

Редакција Рингераја, 9.11.2021
Разговараме со Пепа за нејзината нова нумера, нејзините искуства на музичката сцена и за нејзината улога како мајка

image
/11


На музичката сцена си веќе 7 години. Твојот деби настап се случи со изведба на ревијалниот дел на „Охрид фест". Оттогаш имаш број и настапи, одвоени награди, бројни видео записи.

 

1. Да те навратам малку на твоите почетоци. Кога стана свесна за твојата љубов и дарба кон музиката?

Потекнувам од семејство каде, иако на различен начин, секој од нас си имаше свој, автентичен допир со музиката. Мајка ми е многу музикална, брат ми свири на голем број музички инструменти. Своевремено беше клавијатурист на "Гаро и Парамециум". Јас, пак, пеев од најмали нозе. На приредби, во хорови, пеев по дома... Но сепак, посериозните музички ангажмани дојдоа нешто подоцна.

 

 2. Деновиве го промовираше најновиот видео запис за нумерата „Длабоко". Кажи ми нешто повеќе за песната и за снимањето на спотот.

"Длабоко" е емотивна, длабока песна. Музичко парче кое ме допре од првото слушање и за кое почувствував дека мојот вокал, мојата енергија може да му даде душа. Уште подраго ми беше што оваа песна можев да ја промовирам на сцена, пред публика, во живо. Паралелно, работевме и на снимање на видео запис. Заедно со режисерот Зоран Стојановски Зонде, се одлучивме за еден артистичен приод, за приказна во црно бело која се снимаше на повеќе локации. Меѓу нив и во Сливница, на Преспанското Езеро... Мислам дека песната и спотот се надополнија, направија едно уметничко парче кое ќе живее...

 

3

 

3. Имаш бројни настапи на фестивали, многу освоени награди, (чинам) 15тина песни. Какво е доживувањето кога си во студио, а какво кога си на настап пред публика ?

 

Јас уживам кога пејам. Музиката е јазикот на душата, пулсот со кој чука моето срце. Секоја песна што ја пејам е дел од моето битие. Убаво е таа емоција да се сподели. Убаво е кога во очите на публиката го гледаш сјајот на магијата која ја споделуваш. Затоа на сцена се чувствувам најубаво и ја користам секоја можност да учествувам на фестивалите, кои за жал ги има се помалку. А наградите кои ги имам и се драга евалуација на сработеното, сепак не се крајна оценка за тоа дали песната ќе биде слушана. Како илустрација, “Длабоко” ја изведов на “Макфест” и иако не доби никаква награда, таа е одлично прифатена кај публиката. Досега, оваа песна има 82 000 прегледи на Youtube. Се надевам дека и оваа и сите мои песни ќе останат да живеат уште долго време.

 

4. Кога би можела да издвоиш омилена твоја песна, таа би била? И зошто?

Сакам да слушам онаква музика каква што и самата сакам да пејам. Значи музика со енергија, песни кои зрачат со емоции, песни кои се предизвик да ги испееш... Пред се’, го ценам добриот вокал. Ако морам да изберам од песните што нон стоп си ги потпевнувам, нека биде ”I Put A Spell On You” од Nina Simone.

 

3

 

5. Мајка си на три деца. Како те промени мајчинството?

Мајчинството ми го донесе сето она за што го копнеев и го посакував, но и сето она што никогаш не сум ни замислила дека ќе го чувствувам и ќе го живеам. Мајчинството ме смени во секоја можна смисла. Преку ноќ станав преплавена од чиста љубов, станав позрела, посилна, неверојатно емотивна. Светот почнав да го гледам со мајчински очи. Приоритетите комплетно ми се променија, слободното време стана се пократко, потребна беше комплетна реорганизација на секојдневието, но она што го добивам од своите деца вреди за секоја промена, за секоја непроспиена ноќ, за секоја грижа. Посебно што јас никогаш не дознав како е да се има само едно бебе, само едно дете. Најпрво родив близнаци, а кога ја родив Тајана, веќе имав две петгодишни деца. Сепак, како што растеа, научив дека подеднакво важна е и грижата за себе, бидејќи на моите деца им треба здрава мајка која има добра релација со нивниот татко. Сепак, родителите се моделот на кој децата се потпираат кога се градат како личности.

 

6.  Со оглед на тоа што сајтов е за родителство, и со цел да се претстави еден дел од тебе кој не и е толку познат на публиката, би те замолила да ни го пренесеш накратко твоето искуство од бременоста, породувањата, доење, рано мајчинство... 

 

Мајка сум на 17-годишните близнаци Глигор и Елена и 12-годишната Тајана. Двете бремености ми беа нормални. И додека за близнаците бев поисплашена и изненадена од секоја промена на моето тело, веќе со втората бременост бев многу посмирена бидејќи знаев што да очекувам. Но, и во двата случаи бев модерна трудница која носеше високи потпетици и различни модни комбинации се до породувањето. Внимавав да се хранам здраво и ги следев советите од докторите. Искусив и царски рез и природно породување и можам да кажам дека се’ има и свои предности и свои лоши страни. Но, сепак, самиот чин на раѓање најмногу се памети по финалето, кога бебето ќе ти го стават во раце и кога за првпат ќе го погледнеш во очи. Од тука започнува новата заедничка приказна. Сите три деца ги доев се додека можев бидејќи за бебињата не постои ништо поздраво од мајчиното млеко. На тој начин им се зајакнува и имунитетот, но се зголемува и емоционалната поврзаност.

 

5

 

7. Како изгледа еден твој ден?

Турбулентно. Покрај тоа што сум мајка и сопруга, јас сум и активна вработена жена која сака да спортува, сака да патува, сака да излезе со пријателките и сопругот, сака да има и музичка кариера. Засега добро го менаџирам распоредот и успевам во речиси се што сум замислила.

 

8. Каков родител сметаш дека си? Кој е најголемиот предизвик со кој како мајка се соочуваш?

Не сум строга, но имам свои правила при воспитувањето. Со задоволство за своите деца можам да кажам дека се добри деца и ретко се доближуваат до оние мои зацртани, условно кажано црвени линии. Многу сме блиски и поврзани. Често заедно возиме велосипеди, заедно одиме на Водно, заедно патуваме. Тука сум за помош за нивните училишни и вонучилишни обврски. Активни деца се и заедно со сопругот се трудиме да им овозможиме да ги развиваат своите таленти. Глигор заврши нижо музичко, Елена свири на виолина и заедно со Тајана одат на модерен балет, а Тајана имаше  песна на “Дајте музика” и свири на клавир. Внимаваме барем за викендите да седнеме сите заедно на семеен ручек, на некој начин сме го резервирале тој период во распоредот дека е за нас, за семејството и во главно се придржуваме до тоа. Во тој контекст, најголемиот предизвик е што за сите обврски, желби и потреби, денот има само 24 часа. Би било полесно да имаше повеќе.

 

9. Кој е најдобриот совет за мајчинство кој си го добила? Што ти како мајка би им порачала на сите идни и тазе мајки читателки на сајтот?

 

Да си ги сакаат децата. Да им пружат љубов бидејќи само мајката може да ги сака така несебично и неизмерно. Да го користат секој миг со сопствените деца бидејќи навистина брзо растат. Да градат доверлив и искрен однос, децата да знаат дека секогаш и засекогаш имаат потпора во животот.

 

 

10. Успеваш ли да најдеш време само за себе? Како го минуваш истото, доколку го имаш?

Успевам. Како што кажав, сакам да спортувам, да пешачам, сакам да слушам музика, сакам да создавам музика, сакам да читам, сакам да посетувам интересни дестинации низ светот. Потребно е само добар менаџмент на времето, поддршка од партнерот, за што сум му многу благодарна, квалитетен договор со децата и најважно од се, треба волја и желба. Можеби звучи како клише, но кога се сака, се се може.

 

 

11 .Живееме во време на пандемија. Како истата влијае на тебе, приватно и професионално?

 

Ова зло што се случува на сите ни ги промени животите. Моравме да ги промениме навиките, да се откажеме од многу нешта кои дотогаш ни беа вообичаени и нормални, да слушаме за многу изгубени животи. Колку и да е страшно, сакам да верувам дека сево ова ќе заврши. Дека ќе се вратиме на нашите стари животи. Како човек што е оптимист по природа, и во овие две години, внимавав да го извадам најдоброто од новонастанатата ситуација. Фамилијарно се дружевме, спортував во природа, слушав многу музика, два пати настапив на “Макфест”, промовирав две нови песни со два спота...

 

12. Какви се твоите идни планови на професионален план ?

 

Деновиве ќе снимам спот за новата песна која е веќе завршена. И таа песна, како и “Длабоко”, но и минатогодишната “Студени очи”, ќе се најдат на мојот прв албум кој е во подготовка. Со Весна Малинова и Владимир Дојчиновски Дојчин сме во студио и активно создаваме нов музички материјал. Планирам и видео записи за дел од песните. Со еден збор, имам полн распоред со идеи и планови и интензивно работам да ги остварам. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне она што наскоро ќе и го понудам.

 

И благодариме на Пепа за издвоеното време и и посакуваме многу успеси и во иднина

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Запознавање со македонски автори: Ивана Гл...
Продолжуваме со запознавање со македонски автори. Овојпат во рубриката ни гостува Ивана Глоѓуновска
4
Кендал Џенер е најплатен модел на светот з...
Кендал Џенер беше прогласенa за највисоко платен модел во светот во 2018 година, според листата на Форбс
3
Бојадисување на косата во тек на бременоста?!
Боење на косата во текот на бременоста многу време се сметал за забранет чин. Не постојат цврсти индикатори кои покажува...
3
Зошто бришeме пријатели на Facebook
Жените најчесто ги бришат оние пријатели од листата кои им оставиле навредлив коментар, а мажите најмногу ги иритираат п...
3




Анкета

/
Jana9

Dali brzo se zaljubuvate?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!