vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Од 29ти Август во Рамстор Мол дојдоа џинови, врколаци, сирени, чудовишта со повеќе глави и многу други митски суштества кои ги изненадија посетителите во трговскиот центар, а најмногу ги заинтересираа најмладите.
Цел месец оваа голема изложба ги претставува легендарните суштества во својата вистинска големина, а секојa сабота и недела од 12:00 до 13:00 и од 16:00 до 17:00 часот, најмладите имаат можност да се запознаат од блиску со нивните омилени ликови, да ги чујат неверојатните приказни, да се сликаат со нив, да купат играчки, маички или сликовници со митските суштества.
“Одзивот од првиот поминат викенд со митските суштества беше огромен. Оваа сабота и недела во одредените термини се раскажуваа приказните за Еднорогот и Морската сирена, се оддржаа и првите детски работилници од 13:30 до 15:30 часот каде што се разработуваа овие суштества. Понатаму очекуваме уште поголема заинтересираност поради уникатноста на оваа изложба. Децата кои го посетија Рамстор Мол се воодушевуваа и фотографираа со нивните омилени ликови, а дома покрај интересните маички и сликовници, понесоа знаење за претставените суштества.”- изјави одговорниот Координатор на оваа изложба во Рамстор Мол.
Митските суштества постојат до 29ти септември, а приказните за нив се раскажуваат во Рамстор Мол! Не пропуштајте ја оваа вистинска сензација!



4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Играчките не се само за забава
Играчките не се само средство за забава. Тие се важен дел од детството...
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...
Најважни здрави навики што децата треба да ги усвојат
Здравите навики што децата ги усвојуваат во најраната возраст можат да...
Како да ги заштитите облеката, храната и домот од молци
Молците можеби изгледаат безопасно, но нивните ларви можат да направат...
Зошто е важно да бидеме дарежливи?
Дарежливоста е многу повеќе од подарување пари или материјални работи....