namesp во 10:12
Да имаш дете - свесен избор или судбина?
Редакција Рингераја, 14.12.2015
Има, меѓутоа, една дилема во животот на секоја жена - во кој момент е време да има дете и дали за неа воопшто ќе настапи таков момент. Неколку жени на различни возрасти ги споделуваат своите искуства во врска со тоа кое од двете работи ги поставиле на прво место - мајчинството или кариерата, во различни фази од животот и како го гледаат мајчинството - како мисија или како казна.
Џени, на 39, со две деца "Забременувањето, бидејќи во тоа време изгледаше кај повеќето жени како логично нешто – беше следен чекор во мојот живот. Четири пријателки бевме бремени во исто време. Беше нешто како домино ефект. Искрено, не мислам дека бев подготвена да бидам мајка во тоа време. Дури почувствував олеснување кога требаше да се вратам на работа, бидејќи мајчинството за мене беше досадна професија. Со моето второ дете можам да кажам дека веќе знаев што правам. Но во исто време не сум сигурна дека сум од оној тип на жени кои се родени за да бидат мајки ".
Лизи, на 34, вдовица, со едно дете "Кога забременив по грешка на 23 години, работев по 14 часа на ден во Лондон и живеев со дечко ми. Во исто време одев по настани постојано и ми беше срам да признаам дека сум бремена . Кога Џеј се роди, ние се вљубивме во неа и сега се радувам што ја задржавме. Подоцна, сепак нејзиниот татко се разболе од неизлечива болест и почина. Таа беше само 13 месеци и ја одгледав сама - бевме семејство само јас и таа. Кога ќе погледнам во нејзините очи, секогаш го гледам татко и, еве зошто се радувам дека го задржав детето. Таа стана нешто како спасител во мојот живот ".
Лиз, на 23, "Не сакам деца и се надевам сите ќе престанат да ми повторуваат дека треба да имам. Јас барам работа, која ќе вклучува патување и не можам да си дозволам да има некој да ме чека дома по уште едно патување. Иако општеството го наметнува тоа, јас засега немам желба да станам мајка ".
Емили, на 30, мајка на едно дете "На 18 бев дијагностицирани со ендометриоза и ми правеа неколку операции. Се помирив со мислата дека никогаш нема да станам мајка. Но, ете, чудата се случуваат - на 27 забременив! Сега мојот син има три години и е мојот најдобар пријател, не можам да сум посреќна! ".
Линдзи, на 37, мајка на четири деца "Никој не ми верува, кога велам дека ниту едно од моите деца не било грешка. Обожавам деца и дури работам како дадилка и најдов човек кој ги сака токму како мене - актуелниот мој сопруг ! Секое едно од децата ни беше планирано и сакано, јас сум од оној тип на жени кои го сфаќаат мајчинството како мисија. Не би рекла дека имаме многу пари - но верувам дека за да имаш дете, сè што ти е потребно, е да имаш љубов, за да го одгледува ".
Каква е вашата приказна поврзана со мајчинството и кое од мислењата го делите?
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...

Со задоволство ви го преставуваме Johnson's бебе календарот за 2022 година кој го красат 12 рингераини ѕвездички
