Ги запознав пред неколку години. Двајца прилично млади луѓе, скромни и прекрасни.Тој со долгогодишна кариера на капетан, таа - омилена професорка на учениците од цел град.
Случајна игра на судбината ме поврза со нивната судбина. А таа, ни најмалку не беше лесна. Болката која им тежеше во душата само тие си ја знаеја. Знаев дека се чувствуваат празно, знаев дека срцето ги боли, знаев колку љубов чуваат во себе а не можеа да ја подарат.
Покрај се, беа толку гостопримливи и неверојатно добри луѓе кои не можеш а да не ги сакаш. Таа позитивна енергија која ја имаа, таа харизма со која ги освојуваа симпатиите на секој кој ќе ги запознаеше едноставно не те остава рамнодушен, тие ми влегоа во срцето.
Нивниот дом беше прекрасно уреден, секогаш беспрекорно среден, имаа украси од кристали, сребрени и златни сервиси за ручање , имаа се што би посакал секој од нас.
Токму во тој дом ја почувствував тежината на нивната болка.Тишина која убива, која стежнува на душата на секој кој ќе го посетеше нивниот дом.Толку прекрасна и полна, а сепак празна и безживотна куќа. Нивната болка најмногу ја почувствував кога јас станав мајка. Во нивниот дом веќе долги години не се слушаше бебешки плач. Кога и да седев во нивната раскошна дневна соба очекував дека од некаде ќе се појави мало разбушавено детенце и на таа прекрасна жена ќе и рече МАМО.
Но, годините беа долги и тешки.Патот преполн со трње и камења само тие знаат како го изодеа. Ќе ги болат лузните и спомените на тоа безживотно време.
Надежта последна умира - велеа.
***
Сега веќе не се веќе толку млади.Пред неколку дена им бев на гости. Во тој дом сега плачат две преслатки бебенца. Сега нивната дневна соба мириса на бебешки алишта, на бебешки шампони.
Сега се сопнуваат на тропалки, сега кога влегувам таму ја нема убиствената тишина. Мириса на живот кој ветува. Бог е голем. А големи и се и тие кои имаат трпение и силна волја да издржат се. Големи се тие кои не се откажуваат.
Нив никогаш не им беше важно богатството. А сега, сега се најбогатите луѓе на светот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Сe е добро додека имаш мајка...
Најмногу ги сакам оние ладни, зимски утра, кога се будам и знам дека не морам да одам никаде, па го кревам носот од под ...
4
Совети за полесен почеток на учебната година
Август е при крај и наскоро летните авантури ќе бидат само добро сеќавање, а ние треба повторно да се подготвиме за учил...
4
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4
Избираме најубава творба: Андреј Трајковски
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Андреј...
4