Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Месец 1: Прво и основно, разговарајте со вашиот доктор за тоа која рутина на вежбање е безбедна за вас. Не сечие тело се прилагодува на рутина на вежбање за време на бременоста, затоа дискутирајте за вашата и безбедноста на вашето малечко.
Месец 2: Ако добиете зелено светло за вежбање, држете се до она на кое сте навикнати. Не пробувајте да додавате исцпувачки и напорни вежби во вашата рутина што не сте ги правеле претходно. Набргу ќе откриете дека вашето тело дури и на највообичаените вежби ќе реагира поинаку од порано.
Месец 3: Секогаш загревајте се и одморете на крај! Првите и последните пет минути посветете ги на истегнување и притоа обрнете внимание на зглобовите, бидејќи 'рскавицата почнува да се опушта како што напредувате во бременоста. Дозволете срцевиот пулс полека да се врати во нормала, бидејќи срцевиот пулс на бебето ќе го следи вашиот.
Месец 4: Одржете се хидрирани! Ова се подразбира дури и да не сте бремени. Вашето тело користи доста од хранливите материи што ги внесувате за бебето, затоа гледајте да внесете доволно и за вас.
Месец 5: Многу жени почнуваат да ги забележуваат промените во нивното тело овој период. Инвестирајте во нова облека! Обрнете внимание на тоа што можете да носите, а што треба допрва да купите, бидејќи самиот материјал, поддршката и деловите што треба да се покријат ќе се менуваат како што ќе ви се менува телото.
Месец 6: Одморете кога ви треба одмор. Не се форсирајте. Ако телото ви кажува да паузирате - послушајте го!
Месец 7: Прилагодете ги вежбите на вашиот стомак и на промените во нивото на енергија. Одлично е тоа што уште вежбате, но некои вежби можеби ќе треба да се исклучат или прилагодат.
Месец 8: Веднаш престанете со вежбање ако забележите некоја од овие состојби: вртоглавица, вагинално крварење, болки во градите или стомакот. Ова може да е сигнал за сериозни проблеми што бараат лекарско внимание.
Месец 9: Внесете ги вистинските намирници. Знаеме дека внесот на храна се зголемува како што напредуваме во бременоста, затоа гледајте да ги внесувате вистинските намирници што ќе ви дадат енергија за да се движите.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?