Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Насилството влијае врз една од три жени и девојчиња ширум светот. Со цел да ја го запре ова грубо кршење на човековите права, агенциите на Обединетите нации ќе го одбележат Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените на 24 ноември, 2017, а ќе ? се придружат и на глобалната кампања „16 дена активизам“, со главна церемонија што ќе се одржи на 10 декември 2017 – Денот на човековите права.
Овогодинешната кампања ќе опфати низа дејства посветени на „Да го обоиме светот во портокалово: Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата“ , кои што ќе опфатат осветлување на зградата на Парламентот во портокалово, лица од различни занимања што ќе постираат пораки против насилството за да ја покажат својата поддршка на социјалните медиуми, како и организирање низа дебати и работилници ширум земјата.
Портокаловата боја е избрана за ова прашање за да симболизира посветла иднина без насилство врз жените.
Земајќи ја Вашата силна заложба за родова еднаквост, повторно Ве каниме да ни се придружите и оваа година со својата улога на важно влијание врз јавната свест и мислење.
Ве молиме да ја покажете својата поддршка и на својата публика и читатели да им кажете дека прашањето е од лично значење за Вас. Ако сте ТВ новинар, охрабрете го својот канал да го обои студиото во портокалово или пак ставете портокалов беџ од кампањата на 25 ноември кога ќе им ги претставите вестите и интервјуата за ова прашање на своите гледачи. Ако Вашиот медиум е печатен, претставете ги своите стории за ова прашање под портокалов или банер или под банерот на кампањата. Ако сте на радио, нагласете ја итноста да се стави крај на оваа пандемија што влијае врз милијарда жени ширум светот. Ако сте на јавен настан, носете портокалово и кажете им на луѓето зошто тоа го правите. Уредничкиот фокус врз ставање крај на насилството врз жените и девојчињата ќе ја информира Вашата голема публика, ќе насочи кон успешните пристапи за крај на насилството и ќе дава совет и поддршка за оние што го искусиле.
Подготвени сме да Ви помогнеме ако е потребно, а на нашата колешка задолжена за комуникација, Сандра Исмановски, (sandra.ismanovski@undp.org, 070 219 648),ќе ? биде задоволство да Ви одговори на секакви прашања. Можеме да помогнеме со интервјуа со стручни лица, да обезбедиме податоци и статистика и да Ве насочиме кон иницијативи за пример, со видливо влијание во борбата против насилството врз жените.
Се надеваме дека ќе одлуките својот моќен глас да го дадете за оваа кауза и дека ќе се сложите да бидете партнер во овој глобален потфат. Кога работиме заедно, можеме да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата.
Со почит,
Луиза Винтон
Постојан координатор на ОН
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...
Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните ден...
Што да избегнувате при избивање заби кај бебе?
Избивањето на забите е нормална, но често непријатна фаза кај бебињата...
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...