Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Спиењето го јакне имунитетот
На четиригодишно дете потребни му се 11-12 часа ноќно спиење, а на повеќето им е потребен едночасовен одмор во текот на денот.
Повеќето деца навечер заспиваат околу 19-21 часот. Некои деца брзо и цврсто заспиваат, додека други, уште долго се немирни во креветот, се вртат, стенкаат и спијат плитко. Бидејќи во овој период децата многу тешко одат во кревет, држете се до секојдневната рутина. По миењето испратете го детето во неговата соба каде што можете да му прочитате приказна. После тоа посакајте му добра ноќ и изгаснете го светлото. Ако детето се плаши од темница, оставете му запалена ноќна ламба.
За овој период карактеристична е бујната фантазија и заради тоа децата се плашат од темница и им треба Вашата помош за тепање на чудовиштата во плакарот или под креветот.
Спиењето е многу важно за детското здравје (го јакне имунитетот). Детето кое не спие доволно преку ден е понемирно и помалку концентрирано.
Недостатокот на сон предизвикува проблеми
Ако детето не е доволно наспиено, можеби нема да има видни потешкотии, но тие ќе се акумулираат и тешкотиите ќе бидат подолгорочни. Спиењето е многу важно за невролошкиот развој. Стручњаците предупредуваат дека нездравите навики на спиење можат да доведат до подоцнежни потешкотии со концентрацијата во училиште, а веројатно постои врска меѓу недостатокот на сон и хиперактивност. Хронично ненаспиените деца стануваат хронично ненаспиени и како возрасни, што никако не би сакале да се случи. На тој начин ниту децата, ниту родителите не се здрави и среќни.
Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 3 години
Следен период: Возраст 5 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Воведување цврста храна кај бебето. Водич по чекори
Воведувањето цврста храна е важна пресвртница во развојот на бебето. О...
Како да создадете семејни традиции?
Семејните традиции се мали, но значајни ритуали кои го поврзуваат семе...
Како децата да го засакаат зеленчукот?
Многу родители се соочуваат со истиот предизвик како да го натераат де...
Доењето е една од најубавите работи за поврзување, природен и прекрасе...
Пролетни алергии кај деца. Како да се справите?
Со доаѓањето на пролетта природата се буди, но за многу деца ова е и п...