Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Предлози за играње
Ако константно купувате нови играчки, на добар пат сте да банкротирате. Ќе Ви стане јасно дека играчките брзо им стануваат досадни на децата. Можеби е време за поттикнување на Вашата и фантазијата на детето. На тепихот во дневната соба можете да ги расфрлате коцките со кои детето веќе долго не играло и размислете што се можете да направите од нив. Може да се направи многу повеќе од еден обичен столб кој секогаш го градите. И плишаните животни може да станат пациенти ако детето стане лекар.
Оживејте ги играчките
Во собата донесете кутија и со детето играјте куклен театар. Од помош може да Ви биде стара облека, куќен прибор и торбички. Сето тоа ќе ја направи играта поинтересна.
Со детето може да си играте и продавница. Сите играчки кои ги имате ставете ги на подот. Дајте му на детето пари и нека купува играчки кои му се допаѓаат. Така ќе се потсети и на играчките кои ги заборавило. Детето ќе ужива доколку го замолите да ги сортира играчките – според бојата, големината и материјалот. Освен тоа, на тој начин ќе ја уреди својата соба.
Вклучување во спортски активности
Многу родители во овој период се одлучуваат да го запишат детето на спортски активности.
Секоја година во претшколскиот период е многу важна. Обично четиригодишните деца се навикнати на градинката и нејзините правила (активности во групата, прилагодување и почитување на правила...), па затоа родителите имаат помалку проблеми отколку пред една година. Исто така децата полесно го поднесуваат отсуството на родителите, подобро ги разбираат задачите, а исто така се и моторички поспособни.
Во овој период најдобро е детето да го запишете на курс за пливање. Основна цел на овој курс е прилагодување на детето во вода (лебдење на вода, нуркање, гледање под вода, правилно дишење..), а подоцна и учење на техниките на пливање. Зимскиот период можеме да го искористиме за детето да ги направи првите чекори на скии, но тоа треба да го направите кога времето е убаво. При прошетките во природа изберете лесен терен за искачување, со лесно достапна цел, кој нема да биде предолг и пренапорен.
Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 3 години
Следен период: Возраст 5 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
11 Вистински знаци на породување
Бременоста е период исполнет со очекувања, подготовки за новиот член, ...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?