Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Колку колачиња се доволни?
Добра, мешовита исхрана содржи месо, риба, јајце, сирење, млеко, свежо овошје и зеленчук. Каде е местото на колачињата? Сосема на дното на пирамидата на исхрана – дневната количина на шеќер не би смеела да биде поголема од 10% од дневната потреба за енергија. Шеќерот е штетен заради многу причини. Дел е од таканаречената неправилна исхрана, заради тоа што колачињата имаат голема калориска, а ниска хранлива вредност.
Детето може да стане дебело што ќе биде причина за исмевање од страна на врсниците, па последично и за емоционални проблеми.
Уште една причина е столицата. Децата кои консумираат поголема количина на колачиња, имаат проблеми со столицата, односно запек. Освен тоа шеќерот е штетен и за забите. Најлошо е детето стално да лиже шеќерчиња, или лижалчиња, затоа што на тој начин забите се постојано изложени на шеќер. Многу помалку е штетно ако веднаш по изеденото чоколадо детето ги измие забите.
Навикнете ги децата на природни слатки работи: суво овошје, овошни салати, а најголем пример притоа сте им Вие.
Млеко
Млекото е многу важно во исхраната, но некои деца едноставно не го сакаат. Можеби да бидеме поинвентивни и на тој начин да им го подобриме здравјето. Ако детето сака топло чоколадо, можеме да им го припремиме со млеко, наместо со вода. Можете да му подготвите и млечен пијалак со овошје: во блендер ставете пола банана, неколку јаготки, или друго овошје, додајте млеко и миксирајте. Извонреден извор на млеко е и тестенина со сирење. Родителите кажуваат дека во овие комбинации децата дури и не го чувствуваат млекото и храната на тој начин им е повкусна.
Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 3 години
Следен период: Возраст 5 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Развојни пресвртници во првиот месец од животот
Првите недели и месеци од животот на бебето се исполнети со брзи проме...
Неинвазивни прегледи во бременоста
За време на бременоста се изведуваат повеќе неинвазивни прегледи кои о...
Зошто се јавуваат главоболки во бременост?
Главоболките во бременост се честа појава и кај многу жени се јавуваат...
Што е породилно отсуство и како функционира?
Породилното отсуство е законски регулиран период во кој жената има пра...
Зошто се појавува осип од пелени?
Осипот од пелени е една од најчестите кожни појави кај бебињата. Иако ...