Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Рецепт на денот од @martinascooking
Овие домашни брзи сендвичи се прават со тесто кое не се чека да нарасне а верувам ќе ви станат чести на листа за готвење. Се меси, се оформуваат, се печат 15-тина мин. Севкупно не повеќе од 1 час работа(со се јадење). Измешајте го квасецот со водата и шеќерот, па додадете ги останатите состојки, постепено додавајќи го брашното и замесете меко тесто. Тестото не се чека да нарасне, веднаш направете 15-20 топчиња(јас направив 15). Секое топче веднаш расукајте го во не многу голема кора и премачкајте го пола со масло/маргарин (растопено), преклопете и пак премачкајте и повторно нежно преклопете(не ги притискајте). Убаво премачкајте ги со маргарин, затоа што маргаринот не дозволува да се залепи тестото и останува празно измеѓу. Не ги притискајте да не се залепат. Премачкајте со јајце измешано со лажица масло и наросете сусам. Печете 10-15 минути во загреана рерна на 250 С. Кога ќе ги испечете прекријте ги со крпа малку да се изладат. Во секој дел ставете по желба сувомеснато, кашкавал, салата, сос. Follow martinascooking on Instagram Follow martinascooking on Instagram
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Kомплицираност: 3
Потребни состојки:
3 чаши топла вода
1 квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1/3 чаши масло
околу 5 чаши брашно
100 гр. маргарин + 7-8 лажици масло
(за премачкување)
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...