Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Стомакот расте, матката сега достигнува до половина на стомакот, меѓу срамната коска и папокот. Овој период се јавува уште еден знак на бременоста. Постојано ви е топло и се препотувате, иако надвор е ладно? Потењето настанува како резултат на зголеменото количество на крв во вашето тело и хормоните. И веќе споменатиот полн нос и зголемен вагинален секрет се класични симптоми на бременоста, кои ќе исчезнат после породувањето.
Во случај половиот орган да ве чеша или секретот да добие непријатен мирис, посетете го гинекологот, кој ќе провери дали е се во ред. Внимавајте на звуците околу себе. Ненадејните и многу гласни звуци можат да го исплашат детето во матката.
Плодот во овој период неверојатно брзо расте, затоа можете да приметите и добивање во тежина. До сега трудницата во просек добиваше од 2 до 4,5 кг. Иако, како што веќе кажавме зборуваме за просек, секоја идна мамичка е приказна за себе.
Ве потсетуваме дека мора да пиете доволно течности! Стручните лица препорачуваат 8 чаши течности, рамномерно распоредени.
Трудниците кои се уште не се одлучиле за испитувањето, таканаречено нухална бразда од 11. до 14. недела од бременоста, можат да направат троен хромозомски тест (биохемиски Triple тест од крвта). Тоа е тест кој врз основа на вредностите на три хормона од мајчината крв, алфа- фетопротеин, естриол и хуман хорионски гонадотропин го одредува ризикот од Даунов синдром или дефект на нервните цевчиња на плодот. Повеќе за тоа можете да прочитате во описот во 1. недела од бременоста. Сепак, внимание со овој тест се откриваат многу помал број на плодови со Даунов синдром, отколку со нухалната бразда. Тоа е тест со помала осетливост, но никако не се комбинира со тестот - нухална бразда, по принципот - повеќе тестови, поголема сигурност. Тоа е погрешно мислење.
Плод во 17. недела
Тато во 17. недела
Слични артикли:
Синдром на полицистични јајници
Претходна недела: 16. недела
Следна недела: 18. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
11 Вистински знаци на породување
Бременоста е период исполнет со очекувања, подготовки за новиот член, ...
Што значи да си „функционално“ семејство денес?
Во свет полн со брзо живеење, стрес и постојани промени, поимот „функц...
Можеби вашиот малечок тропка со лажици по масата или наоѓа ритам во сe...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?