Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Една стара изрека вели: секоја бременост чини еден заб. Затоа подобро посете забар.
Плодот во овој период неверојатно брзо расте, затоа можете да приметите и добивање во тежината. До сега трудницата во просек добиваше од 2 до 4,5 кг. Иако, како што веќе кажавме зборуваме за просек, секоја идна мамичка е приказна за себе. Ве потсетуваме дека мора да пиете доволно течности! Стручните лица препорачуваат 8 чаши течности, рамномерно распоредени.
Стомакот расте, матката сега достигнува до половина на стомакот, меѓу срамната коска и папокот. Овој период се јавува уште еден знак на бременоста. Постојано ви е топло и се препотувате, иако надвор е ладно? Потењето настанува како резултат на зголеменото количество на крв во вашето тело и хормоните. И веќе споменатиот полн нос и зголемен вагинален секрет се класични симптоми на бременоста, кои ќе исчезнат после породувањето.
<
Повеќе
Плодот е повторно во фаза на брзо растење, бидејќи под кожата собира масти. До крајот на бременоста ќе има собрано количински од 2 до 6 % од својата тежина. Насобраните масти ќе му помогнат по раѓањето да ја задржи во рамнотежа својата телесна температура.
<
Повеќе
Идната мајка наскоро, нормално ако досега не е, ќе ги почувствува движењата на бебето. За жал тие движења сеуште не можете да ги почувствувате вие, бидејќи на почетокот се многу нежни. Но и покрај тоа, можете да бидете во контакт со вашето бебе галејќи го стомакот, а можете и мамичка да ја намачкате со крем против стрии. Тоа добро ќе и дојде, а вие ќе бидете корисни. И не заборавајте, бидете нежни!
<
Повеќе
Ако ве мачи лошо расположение или сте само бескрајно уморни, немојте да имате грижа на совест. Одвојте време само за себе. Одете рано во кревет, одмарајте, разгалете се, накратко уживајте. И не заборавајте да го исклучите мобилниот телефон. Светот може да почека.
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...