vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мамо, зошто луѓето спијат ноќе?
Зошто во текот на денот е светло?
Зошто некои луѓе се лоши?
А зошто тоа ти е интересно?
Зошто птиците летаат? А зошто имаат крилја?
По "зошто" следи " зошто"
Вашето дете е во период во кој сè е поврзано со прашањето " зошто". Ќе помине доста време, додека во еден момент не почувствувате дека одговорот на секое прашање "зошто" покренува ново прашање "зошто". Се разбира, често ќе ви се случува да се соочувате со тешкотии при одговорот.
Како да им објасниме?
Толку сме навикнати на средината во која живееме, па одамна сме ја прифатиле здраво за готово. Но како сепак се објаснува на едно дете зошто луѓето имаат потреба од спиење ноќе, зошто неговото пријателче од градинката се родило пред него и е поголемо од него?
Додека растат децата, сè што ги опкружува, е ново и интересно за нив. Иако, кога ќе размислите, не е само за нив така...
Понекогаш илјадниците прашања " зошто " ќе ви доаѓаат преку глава, но обидете се да сте трпеливи, бидејќи за вашето дете секој одговор е драгоцен. Така заеднички учествувате во истражувањето на светот. Времето кое го поминуваме со своите деца е подарок за нас, но и за нив.
Зошто = сакаат да разговараат
Понекогаш децата го поставуваат прашањето "зошто" поттикнати од желбата да разговараат.
И додека нашите деца го запознаат светот, ние пак подобро ќе ги запознаеме нив. Тие не насочуваат кон сопствените интереси кои се различни и различни, бидејќи секое дете има индивидуален поглед за светот. Сигурно секој родител во одреден момент си размислувал за среќата на детето во иднина и имал сопствена проекција за реализацијата на истата. Но всушност задачата на нас, родителите, е не да претворивме своите деца во наши копии, туку да им помогнеме да се откријат и да бидат свои. Ние треба да им создадеме можност да го истражуваат светот и да формираат сопствени преференции.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...