|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто го задржав своето презиме кога се омажив

Редакција Рингераја, 17.3.2017
Зошто мора презимето да биде на сопругот? Зошто мора да биде комбинација на моето моминско и неговото презиме? Што сум јас? Некој вид на хибрид?
Клучни зборови:

image
/11


 

Поминаа повеќе од дванаесет години откако се омажив, а луѓето сеуште се збунети бидејќи не го променив своето презиме.  Луѓето секогаш се сопнуваат на него и не се сигурни како да се однесуваат со мене. Зошто мора презимето да биде на сопругот? Зошто мора да биде комбинација на моето моминско и неговото презиме? Што сум јас? Некој вид на хибрид?

Да, дури и во овој модерен свет, секогаш кога жената ќе го задржи своето презиме, се гледа како чудак. И јас често се прашував како тоа ќе влијае на моите деца. Постоеја жени кои ме прашуваа како реагираше мојот сопруг кога си го задржав презимето, а постоеја и мажи кои изјавија дека тоа никогаш нема да им го дозволат на своите сопруги.

 

Зошто сите тие контроверзии?

За мене тоа е прилично едноставно. Тоа е моето име и јас си го задржувам. Без навреда за мојот сопруг или некој друг. Јас едноставно не гледам никаква причина да го променам.

 

Само затоа што се омажив за него не значи дека ќе станам тој

Се омажив за мојот сопруг бидејќи го сакам и почитувам, бидејќи знаев дека ќе биде добар партнер и се надополнуваме еден со друг. Оваа рамнотежа е она што ја прави нашата врска стабилна. Не гледам причина зошто би се откажала од своето презиме заради стабилна врска. Јас не се стремам да станам како него.  Нашите разлики не прават силни. А едно од тие разлики е и нашето презиме.

Моето име е мој идентитет

Тоа е она по што сум позната цел живот. Тоа е одраз на мојата историја и потекло. И јас работев напорно за моето име да има одредена репутација. И сега сето тоа треба да се фрли во  вода бидејќи јас се заљубив? Јас кога стапив во брак не бев девица која требаше да биде спасена. Јас бев жена со сопствена историја и идентитет, не повеќе и не помалку важна од мојот сопруг.

Традицијата е убава но не и убедлива

Моѓеби најгласниот аргумент кој го слушам е “тоа е традиција”. Зошто не би сакале да ја продолжите традицијата. Жал ми е, но јас не го делам вашето мислење. Само затоа што е традиција не значи дека има смисла да се продолжи.

Не ни пречи што немаме исто презиме

Затоа што повторно – ние сме поединци. Мојот сопруг има негово потекло и име, јас имам свое.

Јас не очекувам мојот сопруг да го земе моето презиме

Промената на вашето презиме при стапување во брак е ваше лично право и избор и не треба да биде предмет на осуда.

Моето презиме ќе умре со оваа генерација

Моите баба и дедо имаа синови. Синовите имаа ќерки и синови (јас сум една), но само ќерките имаат деца. Што значи дека ако одевме според традицијата, презимето ќе умреше со нас. Бидејќи сметам дека мојата лоза е исто толку важна колку и лозата на мојот сопруг и не сакав да умре, тоа беше уште една причина зошто го задржав презимето.

Последици од попустливото воспитување на д...
Во последните три-четири децении преовладуваше модел на воспитување во кој се инсистира дека децата мораат да бидат среќ...
5
Кашлицата е сериозен симптом
Кашлицата може да биде предизвикана од вируси, бактерии, алергии, карциноми, срцеви проблеми, лекарства и многу други ра...
5
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
3
Дали нашите деца живеат во златен кафез?
Јас со задоволство ќе се откажам од многу нешта, но на своето дете ќе му овозможам се, да не мора пред другарите да се с...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali poveke preferirate da nosite baletanki ili visoki potpetici?

Baletanki (100%)

Visoki potpetici (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!