|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на мама

image
/11


 

Под сонцето стојам чекајќи надеж од ветерот. Денови низ мугрите ме будат во очај, каде да одам да побарам надеж? Иконо моја, во тебе барав нешто што сакав да ме сака. Зад кој цвет се криеш ти? Моите мугри не се будат, младоста се распрскува на сите страни и заедно сме осудени на жаловита насмевка, затворени внатре, во овој тажен круг. И реката на осаменоста го најде својот брег. И небото без ѕвезди најде светлина низ ѕвездата скришна. И чекорот изморен најде камен во темнината. Дури и солзите најдоа свое гнездо, без тага. Само мојата младост остана да самува. И јас ко' главна улога во овој живот заминувам и знам дека уште долго ке остане оваа илузија. Во мојот чекор многу солзи, а врз моево рамо твојата рака...

Уште колку спомени........ Кога дишам, дишам за надежта, кога љубам, те љубам тебе, кога живеам не сакам да отворам очи веќе никогаш. Станувам плен на осамени брегови, сплотена заедно со статуите на осамените воини. Над нив исплетени пајажини кажуваат колку се заборавени. Иронично се смеам зошто знам дека таа судбина нема да ме одмине. Само времето е верен пријател на мојава душа. Тоа никогаш не ме покрива со заборав, секогаш ги става дланките на моите очи.

А каде си ти?..........Ме остави засекогас, но зошто? Доаѓаат силни ветрови и виулици, а моево срце сеуште не сака да признае дека и надежта згасна засекогаш, дека сонцето ќе доаѓа понекогаш, а ти кај мене веќе никогаш. Додека мирисот на ситните бели каранфилчиња раѓа розев сјај, ти живеј и надевај се низ мугрите дека и утре ќе постои нешто и ќе те води напред. Можеби силата и надежта, но сеедно не давај да те уништи ништо. Ти ке останеш во срцево засекогаш, во себеси те носам. Останаа само очиве кои сеуште бараат нешто што би значело утеха. А јас сеуште те барам онаму кај што последен пат те пронајдов.Трагам по надежта, но тешко дека ке ја пронајдам во оваа пустелија што животот од мене ја направи. Те гледам низ прозорецот од крвави солзи, но се губиш во далечината заедно со сите мои надежи и желби изгорени засекогаш. Не ке можам да заборавам колку и да живеам, затоа е време да заминам по бледото езеро в зори и да се сплотам со раѓањето на изгејсонцето. А штом темнината падне и небото го прекријат ѕвезди, тогаш сигурно ме прекрил мракот и од мене веќе ништо не останало. Кревам глава и  воздивнувам за последен пат, оставена од сите, изневерена од надежта, закопана од тагата, изгорена од болката за твоето заминување....Но срцето горчливо плаче и во грч ми стега гради, ме враќа од патот, за мене неповратен што е. Низ мугрите  надежта се раѓа и заспива секоја тага со зборовите на срцето мое:

 

ОСТАНИ ТУКА, НЕ ДАВАЈ ГО ЖИВОТОТ НА ЦРНАТА МАГЛА И НЕ ПЛАЧИ ТАКА ЗОШТО ТИЕ ОЧИ СЕУШТЕ ТЕ СЛЕДАТ. ТИ ЗАСЛУЖУВАШ СРЕЌА И НАСМЕВКА ВО НОЌТА ТЕМНА, А ТВОИТЕ ЖЕЛБИ РАДОСТ ЗОШТО ВРЕДАТ. НА ОЧИТЕ ТВОИ ИМ ТРЕБА СЈАЈ ВО СОНОТ ШТО ТИВКО ГОРИ, А НА УСНИТЕ НАСМЕВКА НЕЖНА, НЕ ПЛАЧИ КОГА МОЛИШ. ОД ОНАА СТРАНА НА НАДЕЖТА ТЕ ЧЕКА УТРО И НАСМЕВКА ВО ИЛЈАДА БОИ НА СРЕЌА. А ВО ТВОЈАТА ДУША СЕКОГАШ КЕ ПОСТОИ НАДЕЖ ДЕКА НИЗ МИРИСОТ НА ЦВЕЌИЊАТА ТОЈ ВЕЧНО ЌЕ ТЕ ЧЕКА.

 

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
5
Немирно дете = интелигентно и бистро дете?
Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги глед...
4
Кога си болен не смееш да јадеш сладолед?!
Дали се вистинити советите од родителите?
4
Храна и пијалоци кои содржат арсен
Водата и почвата, за жал, често се полнат со секакви отровни материи. Индустријата остава трајни наслаги од штетни хемик...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?