Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Вчера рано - рано, како што е редот
баба Јана на пазар го испрати дедо.
Му наброја што да купи,
ама список не му даде,
па од дома, до пазарот
се' изуми дедо Раде!
Да се врати, да препраша
ќе пукне голем срам...
Не сум дете, сам си рече
ќе одберам нешто сам...
И?
Наместо дренки - купи семки
Наместо киви - купи сливи
Наместо калинки - купи мандаринки
Наместо грашок - зеде прашок...
Ама не заборави во крчмата да влезе.
Си нарача чаша вино и ќебапчиња за мезе!
И се така редум, на ум што му дојде.
Дури доцна попладнето кон дома си појде.
Штом го виде баба Јана, за глава се фати:
- За ова ли, море дедо, на пазар те пратив?!
- Стој, причекај...дедото рече
И не викај де, не знам што ми стана...
Заборавив се!
- Штом е така, сево ова сам да си го јадеш!
- Добро, ама и ти другпат
написмено да ми дадеш!
забава Бремените
Автор: bobik
Што се случува со телото кога вежбате во бременост?
Бременоста не значи дека жената треба целосно да мирува. Напротив, уме...
Што се случува во третата недела од бременоста?
Третата недела од бременоста е момент кој често создава конфузија, бид...
Лубриканти и подвижноста на сперматозоидите
Лубрикантите често се користат за зголемување на удобноста при сексуал...
Јајце клетка и нејзината улога во зачнувањето
Јајце клетката е женска репродуктивна клетка и претставува еден од нај...
Каде најчесто се развива вонматерична бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба при која оплодената ја...