Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Завеси на прозорците не ставајте. Шарени теписи на подовите исто така не треба да има. Никаде не треба да има јаки и интензивни бои, жолта и розева не треба да има во непосредниот простор каде престојуваат децата со аутизам. Украси по ѕидовите исто така не треба да има, бидејќи им го одвлекуваат и така непостојаното внимание. Ѕидовите треба да се офарбани со мат бои без сјај. Пожелно е ѕидовите да се офарбани со сина боја. Сината ги смирува. Ако има и тепих да е еднобоен син, сив и никако со шари. Во просторот каде престојуваат тие често одат по одредена патека, како одредена исцртана линија. Пожелно би било да им се исцрта и обележи линијата по која се движи, нека е со бел селотејп. Таа патека ќе биде само за едно дете. Секое дете има своја шема и свои активности кои не смеат да им се забрануваат. Некои нивни активности само ги премоделираме и заменуваме со други. Многу од нив имаат тикови и не треба да им се вели –не така не прави, сето ова се игнорира. Ако подолго време на ист начин удира со рацете а оваа постапка стручно се вика –стереотипија –им се вклучува и пушта музика. Преку сплет на моторни активности ја вадат анксиозноста од себе. Пожелно е да има трамболина или пилатес топка и на неа нежно и полека го легнуваме детето, го придржуваме и луламе. Светлината во просторијата треба да се намалува или зголемува преку копче –бипер. Светилки кои зујат или светлоста трепери како кај големите неонки а кои се во фаза на расипување или прегревање на треба да има. Ако има услови една соба за една функција, или истата просторија со прегради поделена и така пренаменета за повеќе намени. Освен обележување со линии каде детето ќе се движи, тоа има и свое катче кое ќе биде само негово. Таквиот простор исто така го обележуваме, исцртуваме со подебела линија. Аутистичното дете треба да се чувствува заштитено во просторот, да се загради. Работните површини каде пишува, моделира, склопува, црта, бои треба од страните да се заградени и свртени кон ѕидот. Една маса треба да биде за една намена, но ако се нема таква можност треба да има повеќе различни прекривки и секоја да е за соодветна намена и да не се мешаат. Потребна е изработка на импровизирани кутии, може од дебел цврст картон, залепени со квалитетен лепак. На средината на кутиите доволно е да има голем отвор како би влегло детето, за кога ќе почувствува потреба, извесен период да биде само.
Сето оваа досега се однесуваше на просторните услови. Понатаму ќе дадам некои инструкции како да му се помогне на детето во учењето моделирањето, вежбањето и.т.н.
Сите работни листови за децата со аутизам не треба да имаат никакви украси од страна. Хартијата на која ќе се пишува да е без сјај, мат хартија. Се описменуваат да пишуваат со големи печатни букви. Ако работи на компјутер тестатурата треба да е со различни бои. Не смееме да водиме долги вербални разговори и објаснување, разговорот треба да е со кратки и конкретни реченици и барања. Сите активности и реченици треба да се проследени со слики. Треба секое аутистично дете да има своја индивидуална тетратка и индивидуален оперативен план и програма по која ќе се воспитува и образува. Тука веќе настапуваат конкретните активности од специјалните едукатори и рехабилитатори и логопедите, психолозите. Потребно е во тимот да има и физиотерапевт кој ќе вежба корективни вежби со овие деца. Во тимот има потреба од негувател на овие деца. Си знаеме и како дефектолози и како родители дека им е потребна помош и при хранење и при одење во тоалет. Санитарните јазли треба да се во секое време опремени со топла вода и соодветни хигиенски средства.
Како ќе знаеме дека детето со аутизам има потреба од сензорна интеграција ?
Кога ќе почне да скока на прсти и да го пали и гасне светлото. Ако се гребе по рацете, се самоповредува му се ставаат дебели силиконски или гумени ракавици. Ако има преосетливи уши и самиот звук му предизвикува болка и ги затнува со рацете ушите му се ставаат тампони. Ако аутистичното дете има тешка форма на дисграфија не мора да пишува. Тука се магнетните коцки со букви или тастатурата во боја. Се понатаму треба да е во договор со специјалниот рехабилитатор и едукатор.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?