|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Толкување на бебешкиот јазик

Редакција Рингераја, 25.7.2020
Сите бебиња имаат универзален јазик на кој ги изразуваат своите основни потреби. Доколку ги научите овие „зборови“, ќе ги избегнете фрустрациите кои се јавуваат поради неутешниот плач
Клучни зборови:

image
/11


Овој бебешки јазик прва го „чула“ и успеала да го дешифрира Австралијката Присила Данстан. Таа укажува на пет збора кои ги искажуваат основните потреби, а кои се универзални во секој дел од Земјината топка. 

"НЕХ" - Гладно сум

Звукот „нех“ е реакција на рефлексот за цицање. Во изговорот гласот „х“ не е толку звучен, а најмногу се слуша продолженото „е“. Кога ќе го препознаете овој збор, тогаш имајте на ум дека вашето бебе ви дава на знаење дека е гладно. Во топлите денови овој збор веројатно бебето почесто ќе го изговара, што може да значи и дека е жедно. 

Кога го доите бебето откако тоа ќе извикне „нех“, бидете сигурни дека ја задоволувате неговата потребата за млеко во рамките кои нему му одговараат. Можеби ќе забележите и дека бебето помалку повраќа и ја исфрла храната, а тоа е така поради тоа што тоа е физички подготвено да ја прими новата храна. Доколку доите, можеби ќе забележите и дека вашето тело рефлексно почнува да создава млеко откако ќе го чуе кенкањето на бебето во облик на гласовите „нех“. Доколку успеете да го препознаете овој извик и го послушате, вашето бебе ќе цица подобро и подолго, секако доколку правилно ја фатило дојката. 

Некои од другите сигнали кои укажуваат на тоа дека бебето е гладно, се цицање на својата дланка, поместување на јазикот кон врвот на устата и оближување на усните. 

"АОУХ" - Уморно сум

Звукот „аоух“ се основа на рефлексот за зевање и значи дека бебето е подготвено за спиење. Додека го изговара, устата на бебето зазема овален облик. Ако го ставите бебето на спиење откако го изговори овој збор, ќе забележите дека побргу и полесно ќе заспие, отколку кога ќе ги пропуштите првите моменти на предупредување. Воедно ќе забележите дека бебето обично го изговара извикот „аоух“ пред да почне немирно да се мрда и да ги трие очите, со што покажува дека е уморно. На овој начин ќе ја прекинете преголемата стимулација над бебето, пред тоа да стане толку немирно што нема веќе да може мирно да заспие. Доколку ги послушате знаците кои бебето ви ги дава, целото семејство ќе има помирна ноќ. 

Останатите знаци кои покажуваат дека вашето бебе е уморно се зевање или отворање на устата во овален облик, отсечни движења и триење на очите или влечење на ушите. 

"ЕХ" - Морам да подждригнам

Плачењето при кое бебето рефлексно го изговара зборот „ех“, се јавува како последица на стегањето на градите со што бебето се обидува со сила да го испушти вишокот на воздух. Овој извик често доаѓа како серија на извици, „ех, ех, ех“, кои бебето ги прави додека се обидува да подждригне. Новороденчето поминува многу време во лежење, и затоа му треба некој кој ќе го исправи за да подждригне. Оваа потреба не се јавува веднаш по јадењето како што популарно се верува. Многу бебиња се будат бидејќи имаат потреба да подждригнат, и доколку го направат тоа со ваша помош ќе можат повторно да заспијат. Доколку ги препознаете овие зборови ќе го поштедите вашето бебе од долготрајно плачење. Доколку му помогнете да бебето да подждригне кога ќе почувствува потреба, спречувате воздухот да се потисне во долниот дел од абдоменот, каде потоа создава болка. Воедно, на овој начин го спречувате повраќањето кое се јавува кога го храните бебето во моментот кога треба да подждригне, кога млекото се спушта на воздушното меурче. Секако, кога се дига воздухот, се дига и млекото, а тоа би требало да се избегнува. Помогнете му на бебето да подждригне кога изговара „ех“, без разлика на тоа дали до ова доаѓа за време на ранењето или по него.

Воедно, ако бебето покажува знаци на нелагодност кога ќе легне, тоа може да значи дека сака да ждригне, или пак ако ненадејно престане да јаде и почне да тртка. Обрнете внимание и на стегањето на градите.

"ИЕАХ" - Имам гасови

Ако вашето бебе плаче многу, голема е веројатноста дека ќе го чуете извикот „иеах“. Овој извик се создава во понискиот дел од стомакот и поврзан е со гасови и болки во стомачето. Откако ќе го чуете овој извик пробајте да го ставите бебето на стомак и тријте му го грбот, или нежно масирајте го по стомачето со цел да ги поттикнете гасовите да излезат и да се ублажи болката. Гасовите можат да се спречат со реакција на извикот „ех“ со кој бебето бара помош при подждригнувањето.

Другите начини на кои бебето покажува дека има проблеми со гасовите се напнување на целото тело и здрвено држење, грчење на нозете кон стомачето, грчење на лицето и покажување на нелагодност, како и плачење жално и наметливо.   

"ХЕХ" - Непријатно ми е

Честа причина за раздразливоста кај бебињата е нелагодноста која се јавува поради валкана пелена, ладно или топло. Звукот „хех“ се основа врз рефлекс кој се однесува на кожата. Во овој извик акцентот е на „х“ и испуштање на воздух при изговорот. Бебињата не можат да ја регулираат својата телесна температура и многу лесно можат да прегреат или оладат. За жал, не можат ни самите да си ја соблечат облеката, ниту пак да се покријат, и затоа им треба ваша помош. Постојат и многу други причини поради кои може да му биде непријатно да бебето, како на пример може да го иритира новата пудра која му ја нанесувате или пак да биде неудобно наместено. Барајќи го решението за неговото „хех“, ќе го направите бебето посреќно, а и самите себе. 

Постојат и други знаци со чија помош можете да одгатнете дали бебето се чувствува пријатно или не. Ако на бебето му е топло, главата му се поти, а стомачето му станува топло. Ако му е ладно, ножињата и рачињата му стануваат ладни, а ако почне да се тртка и престанува да јаде тогаш веројатно пелената му е полна . 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Водич за заздравување по царски рез
Од суштинско значење е да разберете како вашето тело се лекува од оваа операција за да можете најдобро да се грижите за ...
7
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Ароматераписки методи
Постојат бројни начини на користење на есенцијалните масла поради нивните лековити својства. Во ароматерапијата, етеричн...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?