|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сите се бремени освен ЈАС!

Редакција Рингераја, 12.1.2015
Сите се бремени освен вас. Тие се во екстаза од среќа за претстојност мајчинство, а вие стоите на маргините, уверувајќи ги дека сте среќни заради нив. Вие навистина сте среќни, но не можете да избегате од неподносливото чувство на тага по бременост

image
/11


 

Фрустрацијата од немањето бебе е антагонист на можноста за забременување. Можете да бидете насекаде – на вашето биро, во креветот со вашиот сопруг и фрустрацијата да се појави. Вашата пријателка е бремена. Тоа е тоа. Удирате во ѕид. Не можете повеќе!

Сте биле на три бебешки забави во последниот месец. Ставивте лајк на 20 слики од труднички стомачиња, “It's a girl” статуси и слики на Инстаграм во последните три денови. Се колнете дека ако видите уште една слика, ако прочитате уште еден статус, или ако слушнете уште една приказна, потполно ќе го изгубите умот!

Сите се бремени освен вас. Тие се во екстаза од среќа за претстојното мајчинство, а вие стоите на маргините, уверувајќи ги дека сте и вие среќна заради нив. Вие навистина сте среќни, но не можете да избегате од неподносливото чувство дека вие не сте бремена.

Дали не е иронично? Најубавите моменти од животот ги поминавте внимавајќи да не забремените. Посетувавте лекари, трошевте пари на контрацепција, на тестови за бременост, се и се само да не видите две црти на тестот за бременост.

Сега, бременоста е единствената работа за која мечтаете. Секој месец планирате, правите распоред на вашите сексуални активности во зависност од овулацијата. Прочитавте безброј статии и ги прифативте сите совети на искусните жени, без оглед на тоа колку звучеа лудо, за резултатот да се прикаже преку две вертикални линии. Но колку и да е голема вашата желба, колку и да ви извира најдлабоко од срцето, повторно добивате период. Нема бебе за вас. Наместо тоа, добивате тага, лутина и фрустрација која ќе ви прави друштво најмалку уште еден месец. Бременоста не е блиску.

Како може на сите да им биде бременоста лесна, а вие да се борите месец по месец.

Па тука доаѓа и нападната свекрва, оставајќи коментар: “Слушна? Таа и таа била бремена. Мајка и е толку среќна што ќе добие внуци.” Како вие да погрешивте некаде затоа што не можете да зачнете. Добро госпоѓо! Разбрав! Што сакате да направам?! Еве секој месец се обидувам.

И додека тие можеби не се свесни за тоа што го прават, ви прават уште полошо со нивните одвратни изјави. Вие веќе се убивте самите себе за да добиете бебе и не ви треба некој да го истрела последниот куршум.

Знаете, тоа е како кога сакате да купите некој автомобил и тогаш на улица ќе помине баш таков автомобил. Потоа ќе го гледате насекаде низ градот! Желбата да се има бебе во основа е иста. сжСамо наместо на улица, тоа е Инстаграм. И кога скролам низ сите труднички стомаци, чувствувам како нешто да ми удира во стомакот. Нема застој од бремени жени!

Ваквото бомбардирање само ги засилува моите чувства на љубомора. Оваа љубомора потоа доведува до лутина. Не сакам повеќе да бидам во нивна близина, ниту да им честитам.

Овие емоции ве доведуваат до едно застрашувачко крешчендо.  Се наоѓате себеси како се расправате со вашиот сопруг за тоа кој е виновен. Тој мора да го намали кофеинот. Лути сте и на вашата сестра. Дали мора да ви го раскажува баш секој детал од бременоста?! Доста ви е од бебешки забави. Не сакате повеќе да воздивнувате над бебешки алишта. Ќе престанете да бидате пријател со сите кои имаат деца. Нема за што да разговарате со нив повеќе. Почнувате да ја избегнувате свекрвата.

Да, ништо од ова нема да направи да се чувствувате подобро.  Всушност, се чувствувате полошо. Чувството се враќа повторно и повторно. Треба да бидете среќни за нив. Не се тие виновни што вие немате деца.  Дали ќе сакате некој да се радува заедно со вас кога ќе имате бебе?

Читајќи го ова знаете дека не сте сами. Знаете дека вашите чувства се нормални и дека и некој друг се чувствува така. Ако сакате да ги избегнете бебешките забави еден месец, направете го тоа. Направете си да ви биде полесно. Вие сте само човек.  Работите се случуваат и ние не знаеме зошто. Единствената работа што можете да ја направите е да ја контролирате болката  и да го чекате денот кога двете цртички ќе ви ја донесат најголемата радост во животот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Намирници за полесно забременување
Откријте кои видови прехрамбени производи ќе ви помогнат побрзо и полесно да забремените
8
Што значи крварење во средина на циклусот?
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација
4
7 знаци дека имате циста на јајникот
Повеќето цисти на јајникот се бенигни, фоликуларни цисти кои се појавуваат и исчезнуваат со менструалниот циклус и не е ...
4
Забавни факти за спермата
Семената течност изгледа помалку смешно, но е многу покомплексна и поинтересна од што можете да замислите. Колку нависти...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali decata gi nosite vo teatar?

Da (25%)

Ne (75%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!