|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Синдром на полицистични јајници

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Дали Синдромот на полицистични јајници може да биде причина за дебелеење или пак дебелината може да предизвика појава на Синдром на полицистични јајници?
Клучни зборови:

image
/11


Симптомите на ПЦО – синдромот можат да се намалат со губење на телесната тежина или пак можат да се зголемат со качување на телесната тежина. Сепак постојат и слаби жени кои го имаат ПЦО – синдромот. Инсулинската преосетливост која е многу честа кај ПЦО – синдромот може да игра улога во покачување на телесната тежина, како и да биде пречка во губење на истата.

Околу половина од жените кои го имаат ПЦО – синдромот се дебели, но другата половина не се. Обично губењето на килограмите кај жените со овој синдром оди потешко, па затоа е најдобро да се намали внесувањето на јаглехидрати и поинтензивно да се вежба, како и користење на лекови чувствителни на инсулин. Се препорачува промени на навиките во исхраната, да се намали внесот на калории под 1800 – 2000 калории за долготрајни резултати.

Исхрана со малку јаглехидрати?

Постојат различни диети без јаглехидрати, но основата е намалување на количината на јаглехидратите во исхраната. Најдобар начин за губење на тежината е бавно да се промени начинот на исхрана, а не со брзите диети. Поздраво е да се губат килограмите полека, бидејќи така може и да се задржи постигната тежина, во спротивно брзо изгубените килограми, брзо и се враќаат. Кога сакате да забремените многу е важно да се согледаат хранливите материи кои се конзумираат пред бременоста и дали да се продолжи со истиот начин на исхрана кога веќе ќе останете бремени, бидејќи диетата може да биде штетна за фетусот.

 

Дали слабите жени со ПЦО – синдром кои не сакаат да слабеат да ја применуваат диетата со намален внес на јаглехидрати?

Слабите жени може да ја применуваат ова диета, но притоа да го зголемат бројот на конзумирани калории со цел одржување на телесната тежина. Идеално е да се воспостави некој баланс кој ги намалува јагленхидратите, но го задржува внесувањето на тие 2000 калории дневно.

 

 

 

 

Дали  таблетите за губење на тежината помагаат во слабеењето кај жените со ПЦОС?

Не постојат магични таблети кои помагаат во губењето на килограмите. Постојат таблети со кои брзо може да се намали телесната тежина, но штом ќе престанете да ги конзумирате килограмите многу брзо се враќаат.

 

 

Зошто е важно да се вежба?

Вежбањето може да помогне глукозата од крвотокот да ја претвори во енергија и така да се намали шеќерот во крвта. Исто така може да му помогне на телото да го користи инсулинот поефикасно и на тој начин постепено да дојде до намалување на нивото на инсулин, дури и кога се користат благи вежби. Со вежбањето се подобрува и циркулацијата, се затегнуваат мускулите и сето тоа помага во губење на тежината.

 

 

 

 

Колку време треба да се вежба за да се постигне ефект?

На оваа тема треба да разговарате со сопствениот доктор – посебно доколку имате и други здравствени проблеми освен синдромот на полицистични јајници. Било каква зголемена активност или формално вежбање, пријатна прошетка или зголемени работни задачи, му помага на телото поефикасно да го искористи инсулинот. Повеќето доктори препорачуваат барем 30 минути вежбање – три пати неделно за општо здравје и почесто вежбање ако целта е губење на тежина.

 

Какви вежби се потребни?

Добро е да одберете неколку активности кои може да ги менувате за да не ви стане здодевно. Можностите вклучуваат: пешачење, пливање, аеробик, велосипедизам, скијање, танцување, вежби со кревање тегови и многу други. Размислете да вежбате заедно со партнерот. Носете удобни патики и гардероба во која ќе се чувствувате пријатно. Почнете полека и не претерувајте уште на почеток. Секако најпрвин мора да се загреете пред да започнете со вежбање. Потрудете се да направите распоред и точни термини за вежбање. Дозволено е да се пропушти еден ден, но тоа не треба да биде причина за да престанете со вежбање. Обидете се вежбањето да ви биде забава, вежбајте со музика или гледајќи телевизија.

 

Извор: www.beta.hr

Фолната киселина штити од аутизам?
Жените кои пред бременоста, или за време на првото тромесечје од бременоста пијат фолна киселина, значително го намалув...
69
Седум погрешни тврдења за неплодноста
Кога се обидувате да зачнете, секој има совет за вас. „Многу си напната, треба малку да се опуштиш и веднаш ќе забремени...
4
Храна за зголемување на плодноста
Менувањето на навиките во исхраната може да ја подобри плодноста. Прочитајте што велат експертите.
4
Платив 720 фунти за своето бебе...
Иако го носела своето бебе девет месеци, како и сите трудници, нема генетска поврзаност со ќерка и. Нејзината ќерка е ро...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Kolku?
Jana9

Kolku deca bi skaale da imate?

Edno (7%)

Dve (41%)

Tri (44%)

Cetiri (0%)

Mnogu (7%)


Број на сите гласови: 27

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!