|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што доведува до анксиозност кај децата?

Редакција Рингераја, 29.1.2018
Бројот на тинејџери кои страдаат од анксиозност и депресија станува с? поголем. Експертите посочуваат дека вината лежи во една грешка што ја прават родителите
Клучни зборови:

image
/11


 

Па, на што се должи сето ова? Според експертите, главната причина за проблемот е заштитничкиот став на родителите. Некои истражувања советуваат дека децата треба повеќе да истражуваат и да играат ризични игри за да ја зголемат нивната отпорност.

Претераната заштита на децата го зголемува нивото на анксиозност

Истражувачите од Норвешка откриле дека претераната заштита на децата доведува до зголемени нивоа на анксиозност. Децата треба да се качуваат на дрвја и кровови на куќи, па дури и по цена на тоа да скршат коска во текот на процесот.

Има логика во сето ова ако размислите подобро. Денешните игралишта се толку заштитени што децата не можат ни да се изгребат. Кога последен пат сте виделе мало дете како се качува на дрво? Се сеќавате ли на лулашките кои се издигнуваа толку високо што мислевте дека ќе полетате? Дали се сеќавате на малите колички кои се движеа толку брзо што за малку ќе сте излетале на улица пред автомобил? Овие детски задоволства не се дозволени во денешниот начин на воспитување.

 

Децата треба да учествуваат во ризични активности

Децата треба да ги доживеат ефектите од ризичната игра, според едно истражување објавено во списанието „Еволуциона психологија“ (Evolutionary Psychology). 

Меѓутоа, во современото општество, родителите повеќе се фокусираат на безбедноста на децата, особено кога се работи за нивниот начин на играње. Ова е многу проблематично, бидејќи иако од една страна децата не треба да се повредуваат, од друга страна, им требаат предизвици и разновидни стимулации за да имаат правилен физички и психички развој.

Ризичните игри, како на пример играње во близина на рид или карпи, може да предизвика позитивни емоции кај децата и да ги изложи на дразби од кои претходно се плашеле. Како што ќе се подобруваат способностите на децата за справување со околностите, ваквите ситуации и дразби ќе бидат совладани и детето нема повеќе да се плаши од нив, што ќе ја намали и неговата анксиозност.

Истражувачите ги групирале ризичните игри во 6 категории:

  • Големи височини. Тие може да доведат до паѓање и тука спаѓаат качувањето, скокањето од стабилни или подвижни површини, одржување рамнотежа на високи објекти, висење или лулање високо над земјата.
  • Големи брзини. Тие може да доведат до судири и тука спаѓаат лулањето, лизгањето, трчањето, возењето велосипед, возењето ролерки и скијањето со неконтролирана брзина.
  • Опасни предмети. Тука спаѓаат сите остри предмети со коишто децата би можеле да се исечат и јажињата кои би можеле да ги повредат.
  • Опасни елементи. Тука спаѓаат карпите, длабоката студена вода и оганот.
  • Груби активности. Тука спаѓаат борењето, тепањето и мечувањето со стапчиња за време на коишто децата би можеле да се повредат.
  • Исчезнување/губење. Ова може да се случи како последица од истражување или самостојно играње во непознати средини.

Имајќи го сето ова на ум, нареден пат кога ќе го однесете вашето дете во парк, дозволете му да се качува на дрвја наместо да се лизга по глупавата мала лизгалка.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
4
Тие мали очиња мислат дека си совршена
Емотивно писмо од мајка до сите останати мајки
3
На момчето секогаш ќе му треба неговата ма...
Колку и да ги држам, тие и онака еден ден ќе ми се лизнат низ прстите. Тоа е живот. Понекогаш се прашувам дали ги држев ...
3
Како да го мотивирате детето да учи?
Преминот од забавно и релаксирано лето кон домашни задачи, обврски и рутини не е никогаш лесен, како за децата така и за...
3




Анкета

За кое машко име би се одлучиле?
Еца



Петар (28%)

Милан (8%)

Стефан (25%)

Бојан (14%)

Ниту едно (26%)


Број на сите гласови: 65

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!