vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ако чувствувате сува уста, замор или главоболка и не ви е доволно само пиењето вода, тогаш можеби е време да додадете намирници богати со вода во вашето мени.
Во продолжение ќе откриете кои намирници помагаат да останете хидриран и полни со енергија.
1. Краставица - природен извор на свежина
Краставицата содржи над 95% вода, што ја прави идеална закуска за топли денови или по тренинг. Богата е со витамин К и минерали, а во комбинација со малку јогурт можете да направите лесна и освежувачка салата.
2. Лубеница за слатка хидратација
Лубеницата е симбол на летото и е една од најхидратантните намирници. Содржи околу 92% вода. Освен што ја гасне жедта, таа е и извор на ликопен, антиоксиданс кој го штити срцето.
3. Јагоди за хидратација и богатство од витамини
Јагодите содржат околу 91% вода и се вистинска витаминска бомба, особено богати со витамин Ц. Додајте ги во смути или јогурт за вкусен и здрав оброк.
4. Зелена салата, лесна и полна со вода
Салатите од марула, зелена салата или спанаќ не се само нискокалорични, туку содржат и голема количина вода. Овие зеленчуци се богати со железо и влакна, па помагаат и за подобра дигестија.
5. Цитрусно овошје за витаминска хидратација
Портокали, лимони и грејпфрут се извонреден избор за освежување. Портокалот содржи околу 87% вода и е совршен да се консумира како ужинка или свежо цеден сок.
6. Супи и чорби, течност во чинија
Домашните супи или чорби се фантастичен начин за внес на течности, особено во зима. Изберете бистри супи со зеленчук за да го зголемите внесот на вода без дополнителни калории.
7. Јогурт и кефир за хидратација и внес на пробиотици
Овие млечни производи содржат вода, но и здрави бактерии кои ја подобруваат дигестијата. Јогуртот е одлична опција за појадок или лесен оброк.
Ако не можете да испиете доволно вода, направете комбинација. Пијте по малку вада и вклучете храна богата со вода. Ова е особено важно во лето, по физичка активност или кога сте под стрес, бидејќи телото побрзо губи течности.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...
Невидливиот товар на чекањето бременост
За некои парови, желбата за бебе започнува со возбуда, планови и убави...