Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Кои терапии со матични клетки во моментов се достапни?
Матичните клетки веќе со години се употребуваат во медицината за следниве цели:
За хематолошки заболувања, како на пр.леукемија, медицината со децении користеше алогени трансплантати од коскена срж, за да ја замени оштетената коскена срж на пациентот, со здрава.(1)
Коскената срж содржи голем број хематопоетски (крвотворни) матични клетки. Од 1988год., за третман на леукемија почнуваат да се користат и алогени матични клетки од папочна врвца.(2) Успешноста на овие третмани е исто толку висока како и при употребата на матични клетки од коскена срж.(3)
Во 2000год., во едно водечко медицинско списание беше објавен список на заболувања (Листа на болести), кои можат да се третираат со автологни матични клетки од коскена срж.(4) Всушност, над 70 заболувања веќе со години успешно се третираат со хематопоетски матични клетки од папочна врвца и околу 15, со не-хематопоетски матични клетки. Меѓу нив се вбројуваат некои видови на малигни забоувања на крвта, заболувања на лимфниот систем, како Хочкин лимфомот, одредени тумори (вклучувјќи тумори на градите и јајчниците) и автоимуни заболувања (состојби кога имуниот систем ги напаѓа сопствените клетки), како системска склероза и јувенилен артритис. За поголемиот дел од нив, матичните клетки се дел од стандардните тераписки протоколи. Бројот на таквите болести се очекува во блиска иднина забрзано да расте. Постојат и други заболувања, при кои терапијата со матични клетки покажала подобрувања, но таа сеуште не е прифатена како дел од стандардните третмани. Автологните матични клетки исто така се употребуваат по хемотерапијата, во склоп на протоколите за лекување на малигни заболувања. Нивната улога е да ја регенерираат коскената срж.
Кога автологните матични клетки се неопходни?
Употребата на алогени (туѓи) матични клетки за лекување на одредено заболување, во голем процент на случаи може да доведе до реакција на отфрлање од страна на телото. Во тој случај, единствено третман со автологни (сопствени) матични клетки би можел да биде корисен. Во други случаи - како на пр. леукемија - докторот е тој, кој треба да направи избор помеѓу автологни и алогени матични клетки. Понекогаш, клетките од близок роднина се оптималното решение. Најдобро би било, ваквите одлуки од медицинска природа да се препуштат на медицинските експерти.
Едно нешто е сепак, сигурно: докторот, кој има пристап до матичните клетки од папочната врвца на неговиот пациент, има на располагање повеќе опции за третман.
[1] Wotzel M., Folia Haematol Int Mag Klin Morphol Blutforsch 1984; 111 (2): 238-242
[2] Gluckman E., NEJM, 1989; 321(17): 1174-1178
[3] Sanz GF., Curr. Opin.Organ Transplant 8, 2003, 109-117
[4] British Medical Journal, 2000, 321: 433-437
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?