vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Оваа година за прв пат македонски компании добија можност да ги претстават своите проекти во Брисел пред иницијативата поддржана од Европската комисија, откако Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност ги избраа за најдобри општествени практики во Македонија.
ДАНУ ФИЛАНТРОПИЈА и Битолската Млекарница ја добија наградата за реализираната акција „Прегратка на дар“ во чии рамки беа организирани едукативни активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки ширум Македонија. Во акцијата беа вклучени повеќе од 10.000 деца кои изработија повеќе од 7.000 уникатни подароци играчки за своите врсници - децата кои Новогодишните празници ги поминуваа во собите на детските одделенија во сите болниците низ земјата.
„Горди сме на добиената награда, таа за нас претставува уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и мотив повеќе за да продолжиме да даваме свој придонес за доброто на заедницата. Битолска Млекарница е компанија која се грижи за здравиот развој на децата и нашите напори секогаш ќе бидат насочени кон помагање и поддршка на иницијативи каде во преден план се децата“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекарница
Доделувањето на наградите се одржа на 25.06.2013 во Брисел, таму беа наградени 60 компании (29 мали и средни компании и 31 голема компанија) од 29 земји.



3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...