Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Членките на Рингераја со своите деца за рака отидоа на час за хуманост и самите го одржаа истиот. Се собраа за да помогнат на 3-годишно дете и да го скршат ѕидот на предрасудите. Се дружеа со децата со посебни потреби и ретки болести оставајќи ја најмоќната детска порака.
За диригентот на хуманоста во Рингераја, Јулијана Василевска, тој со мака изговорен збор беше и повеќе од доволен.
-Овој пат сме двојно хумани. Иницијатива за овој собир беше пред се постот на самохрана мајка за помош. Таа од скоро е останата сама со своето дете и има финансиски проблем и побара помош за нејзиниот син. Веднаш членките од Рингераја се организираа и ја направивме оваа дружба за донации. Имавме желба да испратиме уште една порака во контакт со Ребека и здружението „Дајте ни крилја“. Ќе донираме средства и ќе се дружиме со децата со посебни потреби, истакна Василевска.
Членките на Рингераја донесоа онолку колку што можеа да донираат, но и повеќе од доволно љубов и хуманост кои заслужуваат почит.
-Тука дојдовме со цел кој што сака да понуди и донира. Се собраа огромен број донации и парични средства, средства за хигиена и облека, истакна Ирина Домби од Рингераја.
Ребека ја остави пораката пред која сите се поклонија. Таа застана за да симболизира сила, а зрачеше енергија која покажува како да се биде хуман.
-Сите овде се многу силни, големи и хумани луѓе. Многу ми е драго што успешно ја тераме оваа акција. Членовите на нашето здружение и децата со ретки болести и посебни потреби се желни за вакво дружење. Едвај чекаат да дојдат некаде да се дружат, изјави Ребека.
Самохраната мајка не можеше да ја сокрие радоста. Се заблагодари на сите хумани членки на кои им ја раскажа својата животна приказна. А таа приказна е тешка и истата може да ја избришат само сплотени срца полни со љубов.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...
Кратки, но ефективни домашни тренинзи за почетници
Не мора да одите во теретана за да бидете активни и здрави. Со само 15...
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...
Доење.
пеперутка16
Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?