Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
| Приказната за Миа - 1 дел: Играчка за Миа by julijanavasileska |
/11
Јас сум Миа, имам пет години и одам во градинка, исто како вас. Нашата градинка е убава, има големо игралиште, на кое растат две големи дрвја, кои ни прават сенка во лето. Во градинката имам многу пријатели, затоа секој ден со нетрпение чекам мама и тато да ме однесат во градинка. Кога стигнувам во градинка, одам до моето шкафче да си ги земам и облечам пантофлите. Таму се сретнувам со Марија која секогаш доаѓа за да ме прегрне и силно се гушкаме. Таа е мојата најдобра другарка.

Во градинка правиме многу интересни работи и навистина никогаш не ни е здодевно. Нашата воспитувачка ни чита многу интересни книги, некогаш вежбаме, танцуваме, изработуваме играчки од различни материјали, цртаме, учиме странски јазици и многу други работи. Па зашто да набројувам, и вие истото го правите, нели? Во градинката имаме и своја градина, на која садиме и сееме различни растенија. Колку е убаво кога од земјата ќе никнат садниците. Во блокчето знаеме да ги нацртаме растенијата, па да нацртаме сонце како ги грее, и птици кои им пеат. Со Марија, Калина и Јана најмногу сакаме да цртаме, но скоро секогаш доаѓа Ана која ни ги шкрта цртежите. Тогаш сме многу тажни. Зошто ни ги шкрта цртежите, па ние толку се трудиме да ни бидат убаво нацртани. Дали ова се вика пријателство? НЕ, тоа не е пријателство!
Пред некој ден, нежно ја фатив за рака Ана и ја замолив да седне до мене. И дадов еден лист од блокчето и боички и таа да црта со нас. И кажав како се црта сонце, птици, дрво,... Ана нацрта и самата убаво сонце и беше премногу среќна што црта со нас. Знаете, таа од тогаш веќе не ги шкрташе нашите цртежи.

Денес пак, јас не се разбудив во мојата мека постела и тато и мама не ме однесоа во градинка. Се разбудив во чудна соба со бели ѕидови и железни кревети. До мене лежи девојка со црвена коса, а од другата страна момче кое е без коса. Леле, каде сум? Така чудно ми е при срцето, се чувствувам осамена иако околу мене има други деца. Овие деца не ги знам. Дури ги нема ниту Марија, Калина и Јана, заедно да си цртаме и играме. Ја нема ни мајки ми да ме прегрне. И солзите почнуваат да течат по моите образи.

Се отвори вратата од собата и влезе маж во бела облека. Дојде до мене и ми ја зеде раката. “Се ќе биде добро”, ми рече со пријатен глас и ме помилува по косата. “Во болница ќе бидеш некое време, додека оздравиш, потоа повторно ќе бидеш со твоите другарчиња и ќе си играш.” Мажот со бел мантил помина и ги погледна и другите деца кои цврсто спиеја.
Потоа повторно бев сама и размислував, колку би било убаво сега до мене да е мамичка, или барем една играчка, која би можела да ја гушнам силно и да и ги доверам своите мисли и стравови...
МИА
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Следење на отчукувањата на срцето на бебето
Еден од највозбудливите моменти во бременоста е кога родителите за прв...
Што значи правилна нега на кожа?
Кожата е најголемиот орган на човечкото тело и има важна улога во зашт...
Биохемиската бременост е рана загуба на бременоста која се случува мно...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?