|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Приказната на Вишња Томиќ

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде се советуваме, дружиме, каде имаме многу информации кои можат да ни дадат одлични услови за квалитетно родителство.

image
/11


Вишња Томиќ е Генерална Директорка на Рингераја за Босна и Херцеговина. Но интервјуто не го направивме поради нејзината функција, туку поради нејзината борба и истрајност да добие бебе. Таа е пример на силна, јака, истрајна жена која со нејзината приказна за тоа низ што се поминала за да добие бебе, едноставно остава без здив.

“Имам 41 година и бебе од 22 месеци. Се вика Асја и таа е душата на мојата душа.

Во брак сум веќе 13 години. Првите години од бракот со мажот не сакавме да имаме деца, бидејќи бевме во процедури за купување на стан, па сакавме прво стамбеното прашање да го решиме, па финансиската ситуација не беше идеална. Како и сите родители сакавме на своето дете да му овозможиме се што е неопходно, но ситуацијата во која бевме не натера да причекаме уште некое време.

За 2.5 години го отплативме станот и одлучивме дека е време во тој стан покрај нашата љубов да внесеме и среќа, која ја дава бебешката насмевка...

За кратко време забременив... гинекологот ми кажа дека носам три бебиња. Во првиот момент ми беше шок (се прашував самата себе како ли ќе се снајдам со три бебиња?), но брзо се навикнав на таа ситуација. Сите околу мене беа пресреќни и веќе си замислувавме ситуации како низ станот лазат три бебиња и бегаат од мене и мажот (оние сцени од цртаните филмови). Меѓутоа пред крај на третиот месец добив јако крварење и се постави дијагноза дека матката не може доволно да се шири, бидејќи плодовите секој за себе бил со нормална величина за тој период. Се појави голема опасност по мојот живот. Докторката не вршеше никаков притисок на мене, но ми кажа отворено дека е многу, многу опасно. Во тие моменти не знаев што да правам, но морам да признам дека бев преплашена, па на некој начин сопругот донесе одлука дека е најдобро да ја прекинам бременоста.

Тоа и го направив... ја сокрив болката во душата и си реков: “ќе биде друг пат...”

Болката успеав да ја сокријам, но психофизичкиот стрес сепак го направи она на што не се надевав ни малку. За 4 месеци тешко се разболев. Дијагноза системски еритемски лупус (SLE). Ретка и тешка болест која ја лечев повеќе од 2 години и благодарејќи на мојот оптимизам успеав да се излекувам и да ги исфрлам лековите... Оттогаш никогаш повеќе не ги користев тие лоши лекови (кортикостериоди), а многу заболени од SLE ги употребуваат цел живот, а за жал многу и умираат од оваа болест.

Морав да го исчистам организмот од лековите и после година дена повторно останав бремена. И секако на мојата среќа и немаше крај. Но, на почеток во четврти месец плодот од непознати причини, умре. Колку животот понекогаш ни носи тешки и апсурдни ситуации, ми кажува фактот што морав да направам абортус на мртвиот плод на нашата годишница од брак, а во тој момент во приватната ординација (каде секогаш во позадина има некоја пријатна музика) додека лежев на столот за абортус, одеше песната од Горан Каран “Stay with me” – песна која е химна на мојот брак. Но, повторно го стегнав и срцето и забите и си реков: “Овој пат бебето не сакаше, ќе биде друг пат...”

Сепак, не можам да најдам зборови за да го опишам чувството кога ќе изгубите нешто што растело во вас... Тоа го знае само онаа жена која силно посакува бебе, а ќе се случи губење на истото во бременоста...

Иако обожавам деца (мојата професија е учителка) ми беше тешко да гледам трудници на улица, мајки кои туркаат количка со бебе, реклами на тв со бебиња... секогаш онака прилично ладно ја вртев главата, за да не го гледам тоа, за никој да не ја примети болката која тлее во мене. Сите мои пријателки имаа деца кои ги обожавав и знаев дека на некој начин ме сожалуваат што јас немам свое дете, но никогаш, никому не сакав да признаам за својата болка... Секогаш бев насмеана и расположена да им помогнам околу нивните деца. Сепак, никогаш не дозволував да се зборува за некаква моја бременост. Дури и на мајка ми и забранив да ме прашува: “Има ли нешто ново?” Низ се што поминувавав никогаш не барав помош, но секогаш ја имав од мојот сопруг. Знаеше дека такви работи ме вознемируваа и никогаш не почнуваше разговор за бебе...

2007 година отидовме на летување и една пријатна ноќ со коктел “blue ocean” (сигурно затоа сега моја Асја има најубави плави очи) му изговорив на маж ми една реченица, која најверојтано ја има најголемата заслуга што јас денес сум мама, а тоа беше: “Добро, нема да имаме деца, ние сме заедно бидејќи се сакаме, ако нашата љубов не може да биде крунисана со бебе, тогаш ќе живееме без круна... но и понатаму со љубов...” Од тоа летување се вратив бремена. И веќе имав 39 години.

Не се радував многу, бидејќи се плашев дека повторно ќе го изгубам бебето (поради годините, поради мојата болест, поради РХ факторот, јас сум A – , маж ми B + ) сепак почнав да барам некои информации на нет. И сосема случајно ја пронајдов Рингераја. ба, се зачленив и почнав со испрашување за се што ме интересираше. Жените ми посакаа топло добредојде и одговараа на моите прашања со желба да ми помогнат и да ми дадат одговори. Заедно со мене ги поминаа и првите кризни 3 месеци, мачнините, амниоцинтезата, купувањето на опрема за бебето, осмиот месец кој беше прилично опасен, влегувањето во деветти, заминувањето во болница... Тие се радуваа и на моето бебе и на мојата среќа. Рингераја.ба, за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде се советуваме, дружиме, хм некогаш и караме... место каде имаме многу информации кои можат да ни дадат одлични услови за квалитетно родителство, а со самото тоа на нашите деца да им дадеме среќно и квалитетно детство.

За крај сакам да им порачам на сите дека психата е најважна во оставрување на многу работи. Иако знам дека постојат многу причини, поради кои многу жени не можат да останат бремени или да ја задржат бременоста, сепак психата е најважна. Честопати психолошкиот фактор “Јас морам да имам бебе” е најголема барикада за остварување на бременоста. Посебно ако одредени луѓе во вашиот живот тоа постојано ви го повторуваат директно или индиректно... Не дозволувајте никој да ви се меша во животот. Немојте постојано да мислите на плодните денови и со вашите мажи водете љубов, немој да “правите деца.”

И сакам да ги поздравам сите мамички на рр.мк, а посебен поздрав до оние кои сакаат две црти со желба еден мал ангел да им ги исполни нивните животи, како што на мене ми го исполни мојот ангел Асја.”

А Рингераја е горда што ја има Вишња во тимот. Таа е пример како нема откажување, таа е пример дека борбата и истрајноста секогаш се наградува. Трпението е доблест, но истрајноста до точка на успех е благослов.

Приказната на Вишња Томиќ на РР форумите.

Зошто е тешко да се направи бебе?
Ако се трудите да останете бремена, бидете сигурни дека тој труд нема никаква врска со задоволството и не се исплаќа. Зг...
3
Седум погрешни тврдења за неплодноста
Кога се обидувате да зачнете, секој има совет за вас. „Многу си напната, треба малку да се опуштиш и веднаш ќе забремени...
3
Не си виновна што не можеш да забремениш!
Еднаш многу одамна, веројатно се обидувавте да ја избегнете бременоста по секоја цена. И со право - секој период од живо...
3
Ин-витро оплодување
И природата понекогаш има потреба од малку помош.
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali svirite na nekoj instrument?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!