Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
/11
Денес, сè повеќе парови свесно пристапуваат кон овој процес, подготвувајќи го телото и умот за новиот живот што доаѓа. Плодноста не е само прашање на биологија. Тоа е хармонија меѓу здравјето, емоциите и начинот на живот.
Што е плодност и кога е највисока?
Плодноста претставува способност на организмот да зачне и одржи здрава бременост.
Кај жената, најплодниот период е неколку дена пред овулацијата и на самиот ден на овулација, кога зрелата јајце клетка е подготвена за оплодување.
Кај мажите пак, плодноста зависи од квалитетот, бројот и подвижноста на сперматозоидите.
Но, важно е да се знае дека фертилноста не е непроменлива. Со годините, особено по 30-тата, плодноста природно почнува да опаѓа, па затоа потребно е навремено планирањето на бременост и проширување на семејството.
Како да се подготвите пред да започнете со обиди за зачнување?
1. Медицинска проверка
Пред да започнете со планирање, добро е и двајцата партнери да направат основни прегледи и анализи, како што се хормонален статус, гинеколошки преглед, проверка на тироидната жлезда и анализа на спермограм.
Овие резултати можат да помогнат во рано откривање на можни пречки за зачнување.
2. Здрава исхрана и додатоци
Фертилноста е силно поврзана со исхраната.
Препорачливо е внесување на: фолна киселина пред и во текот на бременоста, витамини Е и Ц, цинк и селен за подобра репродуктивна функција, многу овошје, зеленчук, интегрални житарки и здрава маст од маслиново масло и јаткасти плодови.
Влијание на животниот стил врз плодноста
Навиките како: пушење, прекумерно консумирање алкохол, недоволно спиење и хроничен стрес можат значително да ја намалат плодноста.
Редовната физичка активност, умереноста во се и менталниот баланс се исто толку важни колку и медицинската подготвеност.
Жените кои редовно се движат и се грижат за себе, полесно го регулираат хормоналниот баланс и менструалниот циклус.
Психолошки аспект на планирањето бременост
Многу парови забораваат дека зачнувањето е и емоционален процес. Преголемиот притисок и постојаното „очекување“ може да создадат стрес што всушност ја отежнува фертилноста.
Важно е да се потсетиме дека телото и умот работат како едно. Кога сме смирени и опуштени, шансите за зачнување се поголеми.
Кога да се побара помош од стручно лице?
Ако по 12 месеци редовни обиди без контрацепција не дојде до бременост или по 6 месеци кај жени над 35 години, препорачливо е да се направат дополнителни испитувања.
Современата медицина нуди голем број безбедни и ефективни третмани за поттикнување на плодноста.
Плодноста и планирањето на бременоста не се само медицински процес. Бара многу свесност, љубов и трпение. Најважно е телото да биде подготвено, умот смирен, а срцето отворено.
Секоја бременост започнува со една мисла, една желба и многу љубов, а токму љубовта е најсилниот поттик за нов живот.
15
8
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Психички развој на бебето во мајчиниот стомак
Психичкиот развој на бебето започнува многу порано отколку што често м...
Интернет опасности за кои родителите не размислуваат
Ризиците не доаѓаат секогаш од „лоши луѓе“, туку од секојдневието....
Најчести грешки при користење овулациски тестови
Зошто тестот покажува негативен резултат кога овулацијата е тука?...
Најчести грешки при воведување дохрана
Воведувањето на дохрана е голем чекор и за бебето и за родителите. Чес...
Како правилно се бања бебе, чекор по чекор?
Првото бањање на бебето често предизвикува возбуда, но и страв. Се пра...
Влакна на градите.
пеперутка16
Дали имате влакна на градите? И како се справувате со нив... дали ве вознемируваат и дали ги отстранувате?