|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Кога детето самостојно ќе прооди, наместо да го охрабрат да се движи, родителите во главно трчаат по него и викаат “Пази! Ќе паднеш!”. Ова е комплетно погрешен пристап...
Клучни зборови:

image
/11


 

 

За да знаат колку  е нешто оддалечено и во кој  правец треба да одат, децата мораат да се движат сами. На 13 месеци можат да седнат и да се исправат, се подобро и посигурно да одат.

По несигурните кратки чекори и држењето на рацете во хоризонтална положба до телото, децата почнуваат да воспоставуваат подобра контрола и да чекорат посигурно. На возраст од 12-18 месеци повеќето деца ќе проодат. Во главно тоа е околу 14 месец.

Кога детето самостојно ќе прооди, наместо да го охрабрат да се движи, родителите во главно трчаат по него и викаат “Пази! Ќе паднеш!”. Ова е комплетно погрешен пристап.

На детето треба да му се овозможи слобода на движење и да му се дадат играчки кои ќе стимулираат подвижност, снага, брзина, издржливост, рамнотежа, координација.

Децата се движат на разни начини, лазат, одат придржувајќи се на намештај, туркаат количка, столица пред себе, се качуваат и одат самостојно. Низ овие активности детето ги зајакнува мускулите и зглобовите, воспоставува рамнотежа, ја подобрува и координацијата на движењата.  Одењето треба да биде по различни површини, рапави и мазни, меки, нерамни, по трева, песок, со препреки, на ограничена површина.

Еден од главните елементи на движењето е искачувањето кое служи за да се совладаат пречките и да се стигне до саканиот предмет. Детето од 18 месеци ќе се искачи на столица и ќе им скокне на родителите во прегратка без никаков проблем. Ова е многу важно за развојот на детето и тоа никако не смее да им се забрани, иако постои опасност да падне и да се повреди. Доволно е да бидете во негова близина и да го научите да скока и веќе секој следен месец ќе биде се попрецизно во ова. Качувањето и слегувањето ќе ги научи многу подобро, ако на подот му поставите перници со различна големина или нешто слично и ако му покажете како се прави тоа.

Улогата на родителот во стимулацијата на детето е да ги препознае неговите развојни способности и да му обезбеди адекватно опкружување во кое ќе може да ги развива. Бидејќи детето учи низ игра, на возрасните останува да ја сфатат играта сериозно и да му помогнат на детето играјќи да стане свесно за своите можности и да почувствува задоволство.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прескокнување на срцето - Екстрасистоли
На многумина од нас сигурно ни се има случено некогаш да почувствуваме како срцето да ни прескокнува или пак како да ни ...
4
Привикнување на нокшир за момчиња - 5 чекори
Времето брзо помина и вашето малечко веќе не е бебе. Дојде време кога размислувате дали да започнете да го привикнувате...
3
Зимски водич: Совети за лична хигиена на б...
Со доаѓањето на студените денови секоја мајка наидува на настинки и болести на своето малечко. За да го спречите тоа, ва...
3
Како да знаеме дали бебето е гладно?
Ви носиме листа на едноставни сигнали кои можат да ни помогнат да дознаеме дали бебето е премалку односно премногу нахра...
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.