|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали повивањето е корисно за бебето?

Редакција Рингераја, 27.2.2022
Повиеното бебе е помирно и подолго спие. Меѓутоа повивањето има и свои лоши страни...
Клучни зборови:

image
/11


Во многу култури повивањето е добро позната и традиционална пракса. Добра страна на повивањето е секако мирното бебе кое подолго спие бидејќи не го будат сопствените движења. Секако, со тоа се спречува и да се изгребе со ноктите по лицето. Сепак постојат истражувања кои ја доведуваат во прашање корисноста и безбедноста на повивањето.

 

Комуникација меѓу мајката и детето

Една од најважните причини за загриженост на педијатрите и поддржувачите на доењето е што повивањето и пречи на комуникацијата меѓу мајката и бебето. Помалку плачење не мора да е предзнак дека на бебето му е добро, затоа што тоа е единствен начин со кој бебето ќе го заврти вниманието на себе.

“Плачот е единствениот јазик на бебето и тоа е единствен начин да разберете дека на бебето нешто му е потребно.  Пред да почнете да го повивате бебето, откријте што му е потребно – немојте само да го замолчувате,”, кажува сестрата на педијатрија Кити Франц.

 

Повеќе сон, помалку храна

Новороденчињата кои се повиени се хранат поретко и повеќе губат на тежина. Тоa e затоа што повиените бебиња  се будат помалку во текот на денот и полесно заспиваат повторно. Според мислењето на стручњаците од Американската  академија за педијатрија , бебињата треба да се дојат осум до дванаесет пати дневно. Наспроти тоа, повиените бебиња се хранат шест до седум пати дневно. Тоа е заради природната прогресија низ фазите на спиење кај бебето. Кога бебето ќе почне да се буди од длабок сон, усните и затворените очи почнуваат да се движат, а рацете да кружат. Токму ова движење на рацете е знак дека треба да го разбудите бебето, бидејќи е време за оброк. Меѓутоа, ако рацете се блокирани со повивање, бебето одново ќе заспие и ќе го пропушти оброкот.Сесѕтра Франц забележала дека бебињата кои се повиени изгубиле 10% од својата тежина за време на првата недела. Тоа е повеќе од нормалното губење на тежина кое бара дополнително хранење за да не дојде до дехидратација. Сестра Франц ги советувала родителите да не ги повиваат децата и тие за брзо го надокнадиле загубеното.

 

Регулација на температурата

Иако на повиеното бебе му е удобно и топло, што е посебно важно кога е ладно времето, истражувањата покажуваат дека допирот со мајката е најдобар начин  да се регулира телесната температура на бебето. Во една руска болница спроведена е студија на 176 мајки и бебиња и научниците со мерење на температурата сфатиле дека на повиените бебиња им е поладно, а исто така може да му стане и претопло.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Педијатарот и родителите
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето
4
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?