Инструкции - како да направите играчка дома
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници. ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Ова прекрасно пајче од вуница е многу лесно и интересно за изработка. Се надеваме дека ќе уживате.
Потребен материјал:
- Вуница во бела боја
- Парче картон
- Жолта ткаенина
- Шестар
- Темперни бои
- Бел лепак
- Четка за цртање
- Игли
- Ножици
Чекор по чекор:

- Земаме картон и со шестар правиме два концентрични кругови.
- Го сечиме надворешниот круг, а потоа со скалпер и внатрешниот круг.
- Ја повторуваме постапката за да добиеме уште еден прстен од картонот. Со нив ќе добиеме дел од телото.
- Ја провнуваме вуницата во игла со поголем отвор која ќе ни помогне да работиме.
- Ги земаме двата прстени од картон и намотуваме вуница почнувајќи од внатрешноста.

- Намотуваме вуница додека целосно не ги покриеме двата прстени од картон. Потребно е да го направиме што погусто.
- Откако прстените ќе бидат целосно покриени, останете ги остатоците од вуницата.
- Со помош на ножици сечете по работ на прстените додека не се одделат двата прстена.
- Направете јазол помеѓу картоните и врзете цврсто.
- Отстранете ги картоните кои го држат телото на пајчето.
- Повторете ја постапката со помали прстени од картон, за да направите глава на пајчето. Составете ги славата и телото со шиење.

- Од жолта ткаенина исечете клун, нозе и крила за пајчето.
- Со помош на темперна боја и четка обојте ги клунот, нозете и крилјата.
- Направте очи од парче црна ткаенина, а може да искористите и очи од некоја играчка или кукла која не ја користите.
Гледате ли колку убаво пајче држите во рацете. Некое дете ќе биде многу среќно!
Извор: lasmanualidades
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Дарежливост или скржавост?
Се сеќавате ли дали во детството сте биле скржави? Или обратно – им ги дававте ли своите играчки на другите деца?
3
Подарени играчки во болниците во Битола
Акцијата Прегратка на дар, во организација на Рингераја.мк и БиМилк, подари играчки за болните деца во болниците во Бито...
3
Јована Колев ни испраќа играчка - зајко
Јована Колев од Гевгелија и нејзината мамичка Елена направија прекрасна зајачка прегратка за некоe болно детенце
3
Пакет играчки од Градинката Борис Трајковски
Вредните раце на воспитувачките, родителите и децата од градинката Борис Трајковски, Демир Капија, ни испратија пакети п...
3