vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во лабораториските експерименти, бактериите не развиле отпорност кон новиот лек, наречен тиксобактин (teixobactin) и многу е можно дека ќе им бидат потребни неколку децении за да станат отпорни.
“Тиксобактин е лек кој ветува. Многу е ефикасен во борбата против резистентните патогени, во неколку случаи на инфекција кај животните”, напишаа истражувачите во својот извештај.
Проблемот со бактерии кои се отпорни на антибиотици е опасна закана по човештвото, а пронаоѓањето на нови антибиотици е многу тешко.
Во експериментот на глувци, истражувачите покажале дека овој антибиотик лечи животни инфицирани со бактерии како Mycobacterium tuberculosis, кој предизвикува туберкулоза и Staphylococcus aureus, кој ја инфицира кожата и останатите ткива на луѓето. Некои видови бактерии предизвикувачи се веќе отпорни на антибиотици, што го отежнува лечењето на луѓето.
“Иако се уште е во рана фаза на откривање, откривањето на потенцијално нови видови на антибиотици е добра вест. Развојот на нови антибиотици стагнираше во последните децении, додека отпорноста кон постоечките антибиотици стана сериозна закана по човечкото здравје”, изјави Др. Ричард Шубрик за Welcome Trust, кој не бил дел од истражувачката екипа.
Тиксобактин ги убива бактериите така што се врзува за молемите молекули во ѕидот на нивните клетки, што предизвикува пукање на ѕидот, тврди студијата. Со тоа на бактеријата и се отежнува процесот на мутација и резистенција.
Истражувачите го објавија овој труд на 7. јануари во списанието “Nature”, кој се уште е во рана фаза и не се знае дали антибиотикот ќе биде ефектен и за лечење на луѓе.
Извор: Б92
8
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...