vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Претерано вежбање
Физичката активност која ја поминува точката на исцрпување е нездрава за вашето тело. Ако прескокнувате обврски за да одите во вежбална, напуштате порано на работа или имате чувство дека треба да лажете или да се криете за да ја одржите вашата рутина на вежбање, тогаш треба да го промените вашето однесување. Вашето тело може да дехидрира ако претерано вежбате и да чувствувате дискомфорт и лошење.
Кога претерано вежбате ги оптоварувате вашите коски и зглобови, и се изложувате на поголем ризик од остеопороза, стрес фрактури и артритис. Друг ризик од прекумерното вежбање е аменореата или прекинот на менструалниот циклус.
Пилули за слабеење
Конзумирањето на пилули за слабеење може да ви дадат екстра енергија во текот на денот, но кофеинот и другите стимуланси кои ги содржат можат да бидат токсични за Вашиот нервен систем. Тие не треба да се земаат како замена за оброк. Консултирајте се со вашиот лекар за да се осигурате дека не се јавува интеракција помеѓу пилилите и некој друг лек што го земате.
Екстремно низок внес на калории
Вашето тело ги користи калориите што ги внесувате за основните функции како дигестијата, дишењето и циркулацијата. Намалувањето на внесот на калории може да предизвика сериозни здравствени проблеми и екстремен замор. Исхраната која содржи малку калории може да доведе до анемија поради дефицит на железо. Вашето тело го користи железото за пренос на кислород и за создавање на нови еритроцити. Неадекватните количини на железо во вашата крв може да ве направат да се чувствувате уморни.
Лаксативи и диуретици
Лаксативите и диуретиците се опасни кога несоодветно се користат. Конзумирањето на големи количини на лаксативи ќе предизвикаат интестинален дистрес, гасови и дијареа. Ова е неефективен начин да се намали телесната тежина. Лаксативите ќе ги форсираат цревата да ја повлечат водата од вашето тело за да се отстранат отпадните продукти што побргу. Вашето тело може да се опорави од употребата на лаксативите, но нивната злоупотреба може да предизвика трајно оштетување како на пример појава на хемороиди.
Диуретиците редовно се користат за да телото се ослободи од непотребната содржина на вода. Нивната злоупотреба може да доведе до иреверзибилно оштетување на бубрезите. Злоупотребата на било кои од овие супстанци ќе резултира со дехидратација.
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...